1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Црвената Џамија во Исламабад сеуште под опсада

Во Исламабад и натаму владее критична состојба по судирите меѓу владините сили и радикалните исламисти кои се забарикадирани во една џамија во центарот на градот.

default

Пакистански војници во околината на џамијата во Исламабад

Милитантните студенти сеуште одбиваат да се предадат иако на такво нешто повика и нивниот лидер, Абдул Азис кој синоќа беше уапсен откако се обиде преоблечен во жена да ја напушти џамијата. Во џамијата според полицијата се наоѓаат стотина вооружени милитанти. Азис кој веднаш беше изведен пред суд по обвинение за тероризам и киднапирање, изјави дека во објектот се наоѓаат само 15 вооружени лица и околу 800 студенти, од кои 600 жени и деца.

Пакистанската влада уште синоќа од проповедниците на коранот ултимативно побара да го положат оружјето и да се предадат:

“ На тие луѓе им нудиме целосна амнестија доколку излезат. Но само доколку тоа го сторат доброволно и се предадат. Сеуште се надеваме дека нема да мораме да примениме сила за да ги натераме да ја прекинат илегалната окупација на објектот. Мораат да го положат оружјето и да ги предадат одговрните за смртта на недолжните луѓе“ порача министерот за информации Тарик Азем

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф претпоставува дека во Црвената Џамија се кријат атентатори самоубијци поврзани со радикалните бунтовници во Авганистан. Министерот за информации Азем ги потврдува информациите дека раководството на џамијата било во контакт со радикални групи на пакситанско авганистанската граница.

“ Ние знаеме сигурно дека браќата Гази биле во контакт со радикални претставници во граничниот регион. Регистрирани се повеќе телефонски разговори“

Црвената џамија се наоѓа во непосредна близина на владиниот кварт во центарот на Исламабад. Таму се наоѓа и најголемото училиште за Коранот. Во него настава посетуваат повеќе од 10.000 ученици, момчиња и девојки, кои се сместени во одделни објекти.

Нејзините верски челници отворено ги симпатизираат талибанците и се залагаат за исламизација на Пакистан. Заради тоа повеќепати беа во судир со властите. Абдул Рашид Гази кој заедно со својот брат го раководат религиозниот центар, минатата година во интервју за дописништвото на АРД во Јужна Азија борбата на Талибанците во Авганистан ја означи како света војна. Самоубиствените напади тој ги смета за оправдани:

“ Исламот не учи да и се спротивставиме на тиранијата и да се одбраниме од агресијата. Тоа што го прават талибанците е самоодбрана, бидејќи американските војници се распоредени во Авганистан без никаква причина, исто како во Ирак“ изјави Гази