1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Цохазопулос осуден за корупција

Судот во Атина денеска (07.10.) го прогласи за виновен поранешниот министер за одбрана Акис Цохазопулос за корупција и перење пари. Осудени се и негови роднини и соработници.

Акис Цохазопулос и 16 негови роднини и поранешни соработници, според судот, примиле мито во висина од 55 милиони евра за купување подморници од Германија и руски ракети за одбрана. Висината на казната треба да биде соопштена во текот нанаредните денови.

Освен Цохазопулос, осудени се и неговата сопруга, екссопругата од Германија, како и ќерката и неколкумина соработници. Ним им се закануваат казни затвор до 20 години. Цохазопулос во март годинава веќе беше осуден на осум години затвор и 520.000 евра парична казна поради затајување данок. Ексминистерот ги отфрла обвинувањата.

Германски концерни под сомневање

Griechenland Prozess gegen den Ex-Verteidigungsminister Tsochatzopoulos

Цохазопулос, негови роднини и соработници, примиле поткуп од 55 милиони евра

Германските концерни за вооружување Рајнметал-Дифенс и Атлас Електроник се под сомневање дека дале поткуп од милиони евра за да стигнат до вносни зделки во Грција. Пред неколку недели германското обвинителство спроведе рации во концерните. Зделката со подморници на германските концерни им донесла повеќе од една милијарда евра.

Грција е еден од најголемите купувачи на германско оружје. Околу десет проценти од извозот оди во Атина. Тамошната влада, мерено според брутодомашниот производ, за армијата и вооружување одвојува двојно повеќе отколку Германија. И покрај сите мерки на штедење, буџетот за одбрана на Грција остана прилично поштеден од кратење.