1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Цохазопулос доби осум години затвор

Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохазопулос денеска е осуден на осум години затвор поради фалсификување имотен лист.

Акис Цохазопулос, кадар на ПАСОК, не ги пријавил своите приходи во периодот од 2006 до 2009 година. Покрај затворската казна, нему му е изречена и парична казна од 520.000 евра и запленета му е луксузна куќа во Атина, во подножјето на Акропол.

Поранешниот министер за одбрана, кој има 73 години, има право на жалба, но сепак, до отворање нова постапка ќе остане во затвор, каде инаку се наоѓа од минатата година.

Цохазопулос е соочен со уште едно судење годинава и тоа поради перење пари и корупција при склучување договор за купување за Воената морнарица. Поради перење пари постапка се води и против неговата сопруга и ќерката.

Акис Цохазопулос беше министер за одбрана од 1996 до 2001 година, а од 2001 до 2004 година беше министер за развој.