1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Цик-цак курс на Куба

Претседателот на Куба, Раул Кастро сакаше да го „актуeлизира“ социјализмот. Но пет години откако стапи на власт како реформатор животот на луѓето на островот речиси да не се промени.

Еден културен центар во центарот на Хавана во јули 2012 година предизвика негативни медиусмки извештаи. Токму културниот проект „Ел Кабилдо“, кој со една „улична опера“ требаше да го збогати кубанскиот ноќен живот и се сметаше за успешен пример за новата ера на формирање приватни претпријатија, ненадејно беше затворен.

За многумина Кубанци овој случај е симбол за економско-политичкиот цик-цак курс на владата на претседателот Раул Кастро. Откако братот на „командантот“ Фидел Кастро официјално го презема раководството во февруари 2008 година, се навестуваа реформи. Но, ако повнимателно се анализира, во земјата речиси ништо не се промени. На изборите за кубанскиот Народен конгрес, кои се оддржуваат денеска (03.02.2013) се потврдува сликата за застој: За 612 места на еднодомниот парламент има точно 612 кандидати - разбирливо, само од редовите на Комунистичката партија.

Повеќе од 300 реформски проекти

На стапувањето на должност на братот на Фидел во централата во Хавана се гледаше како на ветувачки импулс. Во меѓувреме 81 годишниот Раул Касро беше првиот кубански политичар, кој го повика комунистичкиот водечки ешалон повеќе да размислува околу заслабувањето на стопанството, отколку за достигнувањата на револуцијата.

Раул Кастро поттикна повеќе од 300 реформски проекти, меѓу нив и кампања против државната корупција како и дијалог со католичката црква. Освен ова го ограничи мандатот на пратениците на максимално два легислативни периоди по пет години. Во меѓународни рамки големо внимание предизвика слободата за патување на Кубанците, која неодамна стапи во сила.

На стопански план Кастро иницираше внимателно отворање. Така не сите државни пртпријатија подлежат на министерски надзор и се дозволува приватна трговија со автомобили и недвижности. Освен ова се зголеми бројот на малите претпријатија во услужниот сектор во перодот до 2010 до 2012 од околу 160.000 на 400.000.

Еден чекор напред, два назад

„Се донесуваат разумни мерки, но реформите се’уште се недоволни и преспори“, појаснува кубанскиот дисидент Оскар Еспиноза Хепе за ДВ. Критичарот на режимот е еден од 75 затвореници, кои привремено беа уапсени при т.н. „Црна пролет“ 2003. Според мислењето на овој економски научник, кои и натамуживее во Куба, преку реформите се формираше еден „недржавен, но не и вистински приватен сектор.“ „За оваа област да не бележи силен пораст и да остане под државна контрола, претпријатијата подлежат на високи даноци“, подвлекува Хепе.

Кубанецот во Егзил Артуро Лопез Леви во својата критика оди чекор подалеку: „Сите типични слабости на едно планско стопанство и натаму постојат“, смета Лопез Леви, автор на книгата „Раул Кастро и новата Куба“, објавена во 2011 година во САД. „Владата ќе мора да преземе уште подлабоки мерки, оти се’уште нема премин во правец на пазарна економија“.

Нема друг стопански модел

Се’ додела Раул Кастро ја води владата на овој остров, според проценките на експертите ништо нема да се промени. Така реформите од водечките функционери на комунистичката партија свесно се толкуваат како „Актуализирање на социјализмот“, а не како можен премин кон еден друг економски модел.

Кон ова се надополнуваат и интерните борби за превласт во Комуниситчката партија како и ексцесивната бирократија, која ги носи во очај Кубанците.

Воодушевувањето околу слободата на патувањето, која е на сила од средината на јануари, во меѓувреме спласна и подлегна пред горчливото сознание дека бирократските прописи и економските причини се исто толкава пречка за патување како и политичките ограничувања. Имено за повеќето Кубанци не само што е комплицирано да поднесат барање за пасош и виза, туку е и тешко да соберат пари за авионски билет.

Жртви на сопствениот успех

Културниот центар „Ел Кабилдо“ ги почувствува државното самоволие и бирократијата. Под обвинение дека сакал лично да се обогати на тогашниот директор Улисес Акуинон му беше одземена лиценцата само по десет месеци работа. Успехот на „Уличната опера“ со повеќе од 150 вработени, кои заработуваа значително повеќе од другите жители на Хавана, се чини дека беше трн во око на комунистичката номенклатура.

На островот се единствени дека и онака слабото стопанство, не страда само поради сопсвениот политчки засток туку и од зависност од Венецуела. Според мислењето на критичарот на режимот Оскар Еспиноза Хепе многумина Кубанци се вознемирени околу гласините за болниот претседател Хуго Чавез и политичката неизвесност на нафтената нација. Евентуалното губење на поддршката од Венецуела се проценува како поголема отколку распатот на Совескиот сојуз.