1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЦИА призна пропусти

Џорџ Тенет - директор на ЦИА

Џорџ Тенет - директор на ЦИА

Директорот на ЦИА, Џорџ Тенет признава пропусти во анти-терористичката борба, но негира дека владите на Бил Клинтон или Џорџ Буш ја потцениле опасноста од Ал Каеда. Вакво обвинување доаѓа од експертот за тероризам и советник на владите на Буш сениор, на Клинтон и на Буш јуниор, Ричард Кларк, кој вчера се најде пред истражната комисија која се занимава со нападите од 11 септември.

Кларк му префрла на Буш дека ја занемарил опасноста од Ал Каеда и покрај повеќето предупредувања пред 11 септември 2001-ва. Како единствен од сведоците кои се појавија пред комисијата, Кларк им се извини на роднините на жртвите, присутни во салата, што не ги спречил нападите:

”Вашата влада ве остави на цедило. Тие што требаше да ве штитат, потфрлија. Јас потфрлив.”

Директорот на ЦИА, Џорџ Тенет, претходно, призна пропусти што ги направила неговата служба во предвечерјето на нападите:

”И покрај огромните напори не ги собравме вистинските укажувања и не ги интегриравме како што треба податоците со кои располагавме. Ако секој ги анализираше сите податоци што постоеја, можеби ќе имавме шанса да ги спречиме нападите.”

Тенет изјави дека Ал Каеда планира нови напади врз САД. Кристин Брајтвајзер, роднина на загинат во нападите, вчера присутна во салата, вели:

”Ние даваме милијарди за одбрана, милијарди за тајните служби. Ние сме најголемата и најмоќна нација на земјата, а бевме свиткани на колена од 19-мина атентатори. Жал ми е, но тоа не можам и не сакам да го прифатам.

Поврзана содржина