1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЦИА не нашла докази за атомска бомба во Иран

Американската тајна служба ЦИА нема до сега никакви докази за постоњето иранската тајна програма за производство на атомска бомба.

Ѕвезда на американското истражувачко новинарство, Сејмор Херш

Ѕвезда на американското истражувачко новинарство, Сејмор Херш

Ова го тврди еден од најугледните американски новинари Сејмор Херш, секако повикувајќи се на извори од тајните служби. Уште пред да биде објавена статијата во весникот “Њујоркер“ Белата куќа остро одреагира.

Насловот на следната статија на Сејмор Хирш ќе биде “Следниот чин“. Во него новинарот кој откри еден од најголемите масакри во Виетнамската војна, а беше и првиот кој извести за измачувањето на ирачките затвореници во озлогласениот багдадски затвор Абу Граиб, тврди дека Вашингтон игра двојна игра со светската јавност кога е во прашање Иран. Американската администрација ги запоставува намерно информациите на тајните служби за да може да ја задржи тврдата линија кон Иран – вклучувајќи ја и последната, воена опција.

Белата куќа одреагира со остар тон, порачувајќи дека новинарот Херш продолжува со серијата лоши статии, во кои има повеќе матерјални грешки. Тоа е автор кој постојано се повикува на дубиозни извори во поткрепа на сопствените тези.

Херш се чини не е многу засегтнат од ваквите критики на американската администрација:

“Белата куќа го вели истото по секоја моја статија, тоа е веќе познат начин на однесување на владата!“

Тој останува на своите тврдења дека сите можни сателитски снимки и шпионски активности на ЦИА на теренот не дошле до никакви веродостојни докази оти Иран подготвува атомска бомба. Таквите наоди се содржани во официјален извештај на ЦИА, за што потврда стигнала од високо рангиран службеник на тајната служба. Сејмор Херш во претходните две статии исто така тврдеше дека Пентагон веќе има и изработени планови за напад врз Иран. Кусата војна во Либан американската армија детално ја анализирала како искуство за можно иранско сценарио.