1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЦИА наполни 60 години

Денеска американската централна агенција многу попозната како ЦИА, полни 60 години. Беше формирана да собира информации за странски влади, здруженија и личности и врз нивна основа да прави проценки.

default

Историјата и сегашноста на ЦИА полни со промашувања! Во 60 години се е можно!?

„Моето време некогаш во историјата ќе влезе како време во кое започна студената војна што го засенчи нашиот живот„.

Американскиот претседател Хари Труман во јануари 1953 година за почетокот на студената војна и за првите чекори како да се добие:

„Исто така ќе биде речено дека во овие осум години го определивме курсот да ја добиеме студената војна„.

Еден од најважните иструменти за тоа: ЦИА. Родена на 26 јули 1947 година, стана наследничка на воената тајна служба ОСС и во исто време да исполни две задачи:

„Првата беше да се спречи нов Перл Харбур. Втората: битката против апусолутно опасната закана од Советскиот сојуз„.

Дејвид Мекмајкл во 80-десттите години и самиот работеше за ЦИА, а денес спаѓа меѓу нејзините најостри критичари. Токму како и новинарот на „Њујорк тајмс„ Тим Вајнер кој неодамна објави многу фалена книга за ЦИА:

„ЦИА беше нова организација. Не знаеше ништо што да прави и учеше од сопствените грешки. А, нив ги имаше во изобилство во првите 15 години„.

На пример, ЦИА промаши кога стануваше збор за тоа кога Русија ќе ја има првата атомска бомба. Мекмајкл вели:

„Уште во 1948 година тогашниот шеф на ЦИА го убедуваше претседателот, дека Русија уште најмалку десет години ќе нема сопствена атомска бомба. Веќе во наредната година се случи првиот тест„.

Најголемите промашувања ЦИА всушност ги правеше тогаш кога се обидуваше преку прикриени операции, да соборува странски влади. Најпознатата: неуспешната инвазија врз Куба во Заливот на свињите. Новинарот Тим Вајнер:

„На некој начин, на планерот Ричард Бисел му успеа да се убеди себе, а потоа и претседателот, дека илјада и 500 Кубанци во егзил можат да ја победат армијата на Кастро од 60 илјади луѓе и дека ќе маршираат низ Хавана„.

Благодарение на најновите скандали околу катастрофалните погрешни информации за оружјето за масовно уништување во Ирак, потоа околу тајните затвори во Источна Европа и обвинувањата за измачувања, ЦИА повторно се најде таму каде што една тајна служба никогаш не би сакала да биде – на насловните страници. Меѓутоа, не секогаш по сопствена вина, вели Вајнер:

„Од времето на Заливот на свињите, ЦИА е под контрола на претседателот. Таа е тајната армија на претседателот и и’ припаѓа на Белата куќа. А, претседателите не ја разбираа и ја злоупотребуваа„.