1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Цехот ќе го платат пациентите?

Здравствените реформи во Македонија предизвикаа револт кај лекарите. Тие предупредуваат дека штедењето не е мерка, а цехот ќе го платат пациентите.

default

Спорни реформи во здравството

Лекарската фела во Македонија се заканува со „бел штрајк“ доколку владата не ја повлече одлуката за кратење на приходите во примарното здравство. Чашата во здравствениот систем ја прели одлуката на Фондот за здравство за намалување на капитацијата кај матичните лекари од 50 на 45 денари. Лекарската комора и здружението на приватните лекари ги повлекоа своите членови од сите тела и комисии на ресорното министерство и Фондот за здравство. Потпретседателот на комората и претседател на Здружението на приватни лекари, д-р Стоје Стојмановски предупреди дека не постои оправдување за ваквите мерки и понуди оставка доколку цената на бодот остане 45 денари. На извршен одбор на Комората и управен одбор на здружението во вторник ќе се решавало за натамошните чекори.

Некој мора да има храброст за реформи

Министерот за здравство Бујар Османи повикува на разумност. Дијалогот според него бил единствен начин за решение на проблемот. Ваквите мерки според него биле предмет на дебата веќе со години. „ Меѓутоа, некој мора да има храброст да ги преземе тие мерки, бидејќи мојата улога како министер е да го гледам цел систем“, рече Османи.

Wochenrückblick 36 KW Flash-Galerie Streit über Prämien für Ärzte

Кој ќе го плати цехот?

Лекарите предупредуваат дека најголемиот цех од владината реформа во здравството ќе ја платат пациентите. Од јавното здравство, исто така се закануваат со штрајк, бидејќи надвор од колективниот договор се носи одлука за намалување на бодот со што ќе се намалат платите. Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на скопскиот клинички центар за Дојче веле објаснува дека носењето на одлука за намалување на бодот за плати без консултација и договор со синдикатите е илегален чекор. Тој не исклучи дека наскоро може да дојде до штрајк.

Лекарите заминуват во приватниот сектор

Болните и непопуларни реформи во здравството, кое очигледно страда од недостиг на ефикасност и силен финансиски импут, предизвика и одлив на лекарски кадар во приватни клиники. Симе Силјановски, претседател на Синдикатот за здравство предупредува дека лекарите станале како фудбалери кои прават трансфери и во вредност од двесте илјади евра. „Има во сите земји здравство за сиромашни и богати. Пакетот на услуги кај нас се` уште ги лаже граѓаните дека за сите се‘ има, не е точно“, изјави Силјановски.

Лекарските здруженија апелираат наместо да се штеди во примарното здравство да се намали администрацијата во здравствените домови и да се сопрат партиските вработувања на определено време. Намалувањето на парите за матичните лекари е само една од пакетот интервентни мерки во здравството. Планирано е и отпуштање на вторите, економски директори во дел од здравствствените установи, намалување на членовите во управните одбори и укинување на патарината за вработените во здравството.

Автор. Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска