1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Централната манифестација по повод 8 септември без СДСМ

Социјалдемократски сојуз на Македонија нема да присуствува на Централната прослава на државниот празник 8 септември на плоштадот во Скопје, но нема да организира паралелна манифестација.

default

Централата на СДСМ во Скопје

Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија нема да присуствува на Централната манифестација за одбележување на државниот празник 8 септември на плоштадот во Скопје, оценувајќи дека тоа е обид на премиерот Никола Груевски за сопствена промоција и за величење на проектот Скопје 2014. СДСМ ќе присуствува на сите оние настани кои се логичен дел од прославата на еден ваков јубилеј, како Свечената седница во Собранието на Македонија или Свечената академија во МНТ, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

„СДСМ нема да даде ни најмала причина за делби на народот на партиска основа и нема да организира никакви паралелни манифестации и прослави, кои дополнително ќе ги делат граѓаните“, рече Петров. Според него политички цинизам е намерата на власта да ја премести Декларацијата за независноста на државата од Собранието, во музејот на ВМРО.

Автор: ЗЈ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска