Централната власт и општините и натаму во судир | Македонија | DW | 21.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Централната власт и општините и натаму во судир

Се помал е бројот на оспособени локални самоуправи кои можат да функционираат со самостојни извори на финасирање

default

Само една третина или четириесетина општини се подготвени за втората фаза на финансиската децентрализација,дополнително дваесет Мали локални рурални средини немаат шанса да преживеат ниту со свои извори на финансирање,плус донациите од централниот буџет.Се понагласен е судирот меѓу локалната и централната власт.Неодамна градоначалникот на Чаир Меџити оцени дека во Македонија се бележи процесс на рецетрализација на власта:

„Сеуште има време за задоволување на некои критериуми и некои општини кои тука можеби полошо стојат,во наредните два три месеци да исполнат критериуми и да се најдат во онаа група која што ќе влезе во втората фаза на фискална децентрализација,“вели министерот за финансии Трајко Славески.

Од блок дотации од државниот буџет зависат две третини од општините.Градоначалниците не ги задоволуваат ниту измените во законот за имот и комунални такси,со што во општините би останале поголеми приходи:

„Апелирам владата на Македонија по итна постапка да предложи измени и дополнување на законот за финансирање на единиците на лкалната самоупрва за да ги олабави,олесни,либерализира критериумите за да може легално што повеќе општини да влезат во втората фаза,а не на мала врата“,иницира велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Првиот човек на Скопје постојано предупредува дека со 20 милиони евра годишен буџет не може да се започне ниту една капитална инвестиција во метрополата.И скопската спортска сала мораше да ја преземе владата,зашто е тоа инвестиција во висина на еден годишен приход на Скопје.Дури ни старата чаршија како туристичка атракција не може побрзо да се ревитализира поради недостиг на самостојни приходи:

„Се согласувам,тоа е цената која сите ја плаќаме,градот има многу мали ингеренции тука да делува,да биде обновено во изворен изглед“,изјави скопскиот градоначалник Костовски.

Децентрализацијата започна пред две години,од први јули општините треба да се изборат за поголеми приходи.Најголемиот број од нив бараат од централниот данок за додадена вредност да се зголеми делот кои тие го добиваат од три на пет па дури и до седум проценти.

„Бис акал да напоменам дека ние сме во ран почеток на процесот на децентрализација,не се поминати ни две години,а да не заборавиме дека општините не стартуваа од иста позиција,некои општини беа позадолжени,затоа ќе биде можеби нормално десетина,12 општини да преминат во втора фаза и на тој начин би биле предводници во тој процес,“се брани министерот за локална самоуправа Коњановски,кој по влегувањето на ПДП во владата наскоро ќе биде заменет.