1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Централен надзор на банките во еврозоната ќе има

Министрите за финансии на ЕУ постигнаа согласност за единствен надзор на банките во еврозоната.

Министрите за финансии на еврозоната постигнаа пробив по прашањето за воведување на тело за заедничка контрола на банките во еврозоната. По 14 часовни преговори министрите се согласија за централен надзор на банките во еврозоната, кој меѓу другото на банките наскоро треба да им овозможи директно да се снабдуваат со неопходните пари од европскиот спасувачки чадор ЕСМ. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се избори под централен надзор да бидат само големите банки, а не и штедните и помалите банки.

Политичката спогодба е постигната пред почетокот на денешниот Самит на лидерите на 27 земји членки на ЕУ.

Контролата на банките ќе ја врши Европската централна банка. Новата задача во ЕЦБ ќе ја преземе надзорно тело во кое ќе има претставници од сите држави кои подлежат на контрола на банките. ЕЦБ со ова добива големи овластувања, вклучително и овластувањето да додели или да им одземе дозволи на банките, како и да изрече финансиски санкции за банките, кои не ги почитуваат прописите.

Надзорниот одбор ќе започне со работа во март идната година и постепено ќе добива поголеми овластувања, се’ додека не постигне целосна оперативност една година подоцна.