1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Центар за борба против тероризмот

Германскиот министер за внатршени работи Ото Шили вчера во Берлин го претстави концептот на новиот центар за одбрана од тероризмот со седиште во главниот град. Целта е поефикасна борба против меѓународниот тероризам.

Нов центар за борба против тероризмот во Берлин: министерот Шили

Нов центар за борба против тероризмот во Берлин: министерот Шили

Министерот Шили изјави дека станува збор за квалитетен скок во соработката на властите. За и оптички да го прикаже тој скок Шили на новинарите им претстави графички приказ на соработаката на институциите и нивните задачи. Во центарот на таа шема е дневното информирање на состојбите, објасни Шили:

“Оценката на опасностите врз основа на информациите и предупредувањата, како и новите сознанија ќе бидат заеднички анализирани и вреднувани. Како пример може да послужи нападот врз американскиот конзулат во Џеда во Саудиска Арабија. Во таков случај мора да се процени како да се дејствува и дали се треба одново да се просудува?“

Во таквите проценки во прво време ќе учествуваат околу 100 службеници на сојузната криминална служба и 15 експерти од сојузната служба за заштита на уставот. Во наредната година ќе им се приклучат уште 50. Во заедничкиот тим на центарот за одбрана од тероризам ќе му припаѓаат соработници од различни подрачја: сојузната известителна служба, сојузната и покраинските криминални служби и за заштита на уставот, царинската и воената известителна служба. Претседателот на сојузната служба за заштита на уставот Хајнц Фром во таа пригода изјави:

“Решавачко е дневното собирање, како и меѓусебната доверба во соработаката: да се анализираат случаите и нивнта констелација и да се разгледуваат различни мерки. Притоа е сосема јасно дека службата за заштита на уставот нема егзекутивни компетенции. Тоа е суштината на поделбата на работата. Оперативните задачи ги има полицијата“.

Носители на центарот се сојузната криминална служба и сојузната служба за заштита на уставот, меѓутоа не станува збор за нова институција, изјави Шили, туку за поефикасна соработка.