1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Цензурата ги засенува претстојните олимписки игри

Медиумската цензура и неисполнетите ветувања - тема и на генералното собрание на Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ). И плоштадот Тјенанмен забранет за новинарите, но таа рестрикција беше брзо повлечена.

default

Главниот олимписки прес-центар во Пекинг

Во Пекинг денеска започна 120-тото генерално собрание на Меѓународниот олимписки комитет. Претседателот на Комитетот Жак Рог, во присуство на шефот на кинеската држава Ху Џинтао, рече дека претстои историска олимпијада, како меѓник во значајната трансформација на Кина. Според првите дебати, неисполнетите кинески ветувања, пред се’ во однос на слободата на печатот и цензурата на интернет, ќе биде една од доминантните теми.

Некои интернет-сајтови, главно на странски медиуми и организации за човекови права, во меѓувреме се деблокирани, но и натаму стриктно се цензурирани веб-страници на азиланти - противници на режимот, на дисиденти, малцинства и на кинески поборници за човекови права.

Обид и за нови ограничувања за новинарите!

Денеска ново возбудување предизвика веста за натамошни ограничувања за 25-те илјади новинари - известувачи од олимпијадата, која меѓутоа властите бргу ја релативизираа: новинарите сепак ќе смеат непречено да се движат и да прават интервјуа на плоштадот Тјенанмен, кој стана симбол на крвавото угнетување на демократското движење во Кина во 1989-та година.

Организацијата „Репортери без граници“ повика на демонстрации пред кинеските амбасади во светот за време на отворањето на олимпијадата, за да се потсети на прекршеното ветување на Кина дека ќе дозволи поголема медиумска и слобода на говорот. Организацијата бара и ослободување на околу 80 уапсени новинари и интернет-дисиденти.


►◄