1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Цената на нафтата ја достигна магичната граница

Цената на нафтата за првпат ја достигна рекордната граница од 100 американски долри. Слабиот долар е една од пирчините што го предизвика скокот на цената. Хенрик Беме ја коментира новата рекордна цена на нафтата.

default

До кога ќе има резерви на нафта?

Некои сметаа дека се работи за априлска шега, кога американските експерти на 1 април 2005тата во една студија првпат тврдеа, дека цената за барел нафта, во не така далечна иднина ќе достигне вредност од 100 долари.
Денеска неполни две години подоцна, предвидувањето се исполнија.На њујоршката берза за суровини вчера цената се искачи до магичната бројка 100 долари. Причините брзо бараа и се најдоа:нападите врз изворите во Нигерија и студената зима во северна Америка - кон ова уште празнењето на резервите.Згора на се’ вообичаниот додаток на шпекулантитие од 20 проценти - и готова беше новата рекордна цена. Сигурно е и дека нафтата е поскапа во зима. Но сето ова е само мал дел од вистината.

Порастот на цените е предвидлив Ако експерите сега пресметаат дека за пет години цената ќе порасне на 150 долари а за десет дури на 200 долари, тоа е исто како да се каже навечер се стемнува. Само во изминатата година цената на нафтата се удвои.
Притоа радо се укажува на жедта на кинеската економија. Сигурно и тоа е една причина. Но врз што се базира добросостојбата на западните идустриски држави? Врз нафата која таму е потрошена во изминатите 100 години. Значи цената на нафтата е пред се’ и цена на растечката добросостојба.

Европа профитира од слабиот долар

Но има и други фактори. Слабиот долар на пример. Тој е виновен што цената на нафтата во Западна Европа сеуште е поднослива, затоа што нафтата во целиот свет се плаќа во долари. Но ги привлекува и шпекулантите, кои заработија во актуелната финансиска криза и сега бараат нови шанси за ренти. Зачудувачки во целата ребота е што растот на светската економија очигледно речиси да не е попречен од високите цени на нафтата. Научија да излезат на крај и со тоа. Волшебниот збор гласи: За истиот пораст денеска е потребно само половина од нафтата која се користеше пред 30 години.

Алармирачки се изгледите за иднина

Сите знеаат дека светската потрошувачка и натаму драматично ќе расте. Но никој точно не знае кога ќе биде исцрпена последната капка нафта по цена која може да се плати. Меѓународната агенција за енергија смета дека криза во снабдувањето ќе настапи за десет години, ОПЕК ни дава уште 20. Нафтата е еден од најважните енргетски извори во светот и има удел од една третина. Излезот од нафтената стапица сепак само што почна да се наѕира. Преку сонцето, ветерот, водата, кои ќе можат да ни ја задоволат гладта, кога изворите со нафта ќе бидат при крај. И колку нафтата ќе поскапува, толку повеќе ќе се исплатат обновливите енергии. Добар дил - не само за парачникот туку и за климата.

DW.COM