1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Цената на нафтата веќе не е голема опасност за рецесија

Неизвесноста на меѓународните пазари за нафта со почетокот на неделава се засили со запирањето на најголемото американско нафтено поле. Британскиот нафтен концерн Бритиш Петролеум во неделата вечер објави дека е најдена „мала дупка„ на транс-аљаска нафтоводот од кој истекуваат околу 5 барели. Од тие причини нафтеното поле Прудо Беј во северна Аљаска делумно е затворено. Штефан Волф подготви прилог за ф

’Рѓосаните цевки во Аљаска предизвикаа нов скок на цената на нафтата

’Рѓосаните цевки во Аљаска предизвикаа нов скок на цената на нафтата

�кторите што ја туркаат цената на нафтата нагоре:

Три фактори: настаните на светската политичка сцена оптоварени од војната на Блискиот исток и немирите во Нигерија, времето, пред се ураганите во Мексиканскиот залив и техниката. Сите три носат потпис: страв од снабдување, значи загриженост дека нема да бидат покриени дневните потреби од нафта. Постројките за црпење и рафинериите во светот се на работ на капацитетите. Јерг Кремер од Комерцбанк вели:

„Освен тоа се покажува и физички недостиг од нафта. Значи, дури и ако се инвестира во црпењето нафта, веќе не можат да се најдат толку нови извори што би биле обилни како оние што сега се повеќе се исцрпуваат„.

Во моментов од изворите во светот дневно се црпат околу 85 милиони барели сурова нафта. На толку се проценува и светската побарувачка. Британскиот концерн Бритиш Петролеум го затвори најголемото американско поле Прудо Беј во Аљаска поради голема корозија, односно ’рѓа на цевките од нафтоводот. Со тоа отпаднаа дневно 400 илајди барели нафта, односно околу 8 проценти од дневните американски потреби од нафта. На тој начин се намали и дневното производство во светот за половина процент кој тешко може да се надополни од други извори.

Освен тоа, почнува и сезоната на урагани што ги потестува сите на тоа дека ураганот Катрина во минатата година уништи важни рафинерии и платформи за црпење. Меѓутоа, најголем товар за цената предизвика војната на Блискиот исток. Јерг Кремер:

„Во моментов не војуваат земји прозиводители на нафта, туку таа војна има повеќе карактер на ’заменици’. Големите арапски земји се држат настрана од конфликтот, па затоа цената на нафтата не достигна нивоа од 90 или 100 долари за барел„.

Останува прашањето колку високата цена на нафтата ја оптоварува конјунктурата. Кон крајот на 1999 година таа изнесуваше под 10 долари за барел, па цени преку 50 долари од тогашната перспектива јасно ќе водеа во рецесија. Меѓутоа, стопанството од 70-сеттите години, значи во годините на нафтената криза, ја преполови зависноста од нафтата. Јерг Кремер сепак гледа сосема други причини поради кои високата цена на нафтата веќе не е толку болна како порано: во 70-сеттите години зголемувањето плати како последица на растечката цена на нафтата предизвикаа спирала што водеше директно во рецесија:

„Оваа макроекономска грешка, претераните зголемувања на платите и потоа реакцијата на банките во форма на високи камати, таква грешка денес веќе не правиме. Синдикатите се однесуваат воздржано, па централните банки не се принудени да ги зголемуваат каматите, а тоа е главната причина што може добро да се живее и со таква цена на нафтата. Јас тврдам дека зголемувањето на данокот на додадена вредност од 1 јануари идната година е поголем ризик за германската конјунктура, отколку оваа многу многу висока цена на нафтата„.

Всушност, постојаното зголемување на цената на нафтата исфрли од употреба еден пазарен закон. Правилото да се купува нафта за домаќинствата во лето, за да се биде сув и стоплен во зима, веќе не важи. Во минатата година нафтата за греење во август беше најскапа, слично како и во ова лето: во моментов 100 литри чинат преку 65 евра.