1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Цената на златото во слободен пад

Цената на златото по вчерашното најниско ниво во последните три години, денеска (16.04) малку се опоравува. Станува збор само за паника, или...?

По двата дена екстремно голема продажба на златото, денеска неговата цена малку се опоравува. Изутринава унца злато (околу 31 грам) се продава за 1370,84 долари. Во текот на ноќта цената падна на дури 1322,43 долари, што е најниска цена во последните три години.

Ојген Вајнберг, експерт на Комерцбанк, оценува дека станува збор за „панично продавање“ на пазарот на злато. На хартија, за само еден ден, сопственикот го промениле 1140 тони злато. „Тоа е повеќе од вкупната побарувачка на злато од Индија или Кина“, објаснува Вајнберг. Економистите, како други причини за падот на цената на златото, ги наведуваат намалените ризици од инфлација и смирувањето на европската должничка криза.

Трговците оценуваат дека екстремниот пад на цената на златото од околу 15 проценти за само една недела е претеран. Но, довербата на вложувачите во жолтиот благороден метал е нагризана. Торстен Претел, експерт на Покраинската банка Баден Виртемберг, вели дека имиџот е оштетен, и дека не можат да се исклучат натамошни падови на цената на златото, на кое инаку само до пред некое време му се предвидуваше раст на цената од 2000 долари за унца.