1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Целта е Авганистан да застане на свои нозе, но кога?

На средбата на НАТО министрите за одбрана, САД повторно побараа повеќе трупи за Авганистан. Добија ветувања од неколку земји. И тоа не е ништо ново. Но, се промени нешто друго смета во својот коментар Кристоф Хазелбах.

default

Ќе имаат ли успешна мисија?

Многу влади во Европа повеќе не можат да ги слушаат барањата на САД дека е потребно испраќање на дополнителни трупи во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер со години оди по главните градови на европските земји за да моли за војници, хеликоптери и транспортни авиони. Најчесто мора да се заоволи со необврзувачки полуветувања. Германската влада на крајот сепак се одлучи покрај војниците во Авганистан да испрати и набљудувачки авиони од типот Торнадо. Но, Бундесверот нема да оди во јужниот дел на земјата каде се водат најжестоките борби. Поради скептицизмот во домашната јавност и политичката ситуација во Берлин тоа едноставно е невозможно.

На последната средба редица држави најави испраќање на војници - дури неколку стотини - но треба да се почека за да се види што ќе излезе од овие ветувања.

Се променија приоритетите

Најинтересно е тоа што овојпат се променија приоритетите: и Шефер и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи сега посебен акцент и ставаат на обуката на авганистанските безбедносни сили. Целта е, како што вели генералниот секретар на Алијансата, земјата да застане на свои нозе. Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг веднаш вети тројно зголемување на бројот тренери.

Авганистан да застане на свои нозе - ова треба да биде основата на ангажманот на НАТО во земјата. Но, долго време на оваа тема не се зборуваше. Причината поради кој европската јавност е воздржана околу мисијата во Авганистан, не е само поради стравување за животите на своите војници, туку дека тука станува збор за вреќа без дно, и никогаш нема да има доволно војници за да се справат со ситуацијата.

НАТО мора да продолжи со проектот Авганистан

Прашање е и кога ќе може Авганистан да застане на свои нозе? Ниту еден воен претставник не е глупав за да каже термин. Тој ден нема никогаш да дојде, велат набљудувачите. Според оние пооптимистичките тоа ќе се случи за многу години, и дека нема алтернатива за друга стратегија. Точно е дека таму се трошат многу пари и гинат војници, и дека секој мртов војник е премногу. Но, колку би чинело ако исламистите повторно се вратат на власт во Авганистан? Тогаш со право ќе се рече дека целата операција била за ништо.

НАТО мора да продолжи со проектот Авганистан. Во тоа спаѓаат и борбени акции против Талибанците и Ал Каеда, иако тоа во Германија радо би се премолчело. Вашингтон пак сфати: не станува збор само за бројот на топови. Се работи за сеопфатна стратегија, покрај воените дејствија да оди и цивилната обнова на земјата и обука на авганистанските сили. Во Ирак веројатно тоа доцна го увидоа. НАТО во Авганистан мора да ја научи нешто од таа лекција.