1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Целосно отворена трка за титулата

Во 32 коло во Бундеслигата водечкиот Бајерн киксираше, па Шалке успеа да се изедначи по бројот бодови со тимот од Минхен. Слична неизвесност на две кола до крајот владее и во трките за опстанок и за европските купови.

default

Борусија Менхенгладбах му одзема два значајни бода на Бајерн Минхен

Борбата за титулата во германската фудбалска Бундеслига повторно се заострува. Екипите на Бајерн и Шалке по 32 коло имаат еднаков број бодови- 64. Лидерот на табелата Баејрн си дозволи слаба игра на гостувањето против Борусија во Менхенгладбах и извлече среќно реми, со голот на Мирослав Клозе во 73 минута. Водечкиот гол за Борусија во 60 минута го постигна Марко Ројс. Водечкиот стрелец на минхенчани сезонава, Арјен Робен и покрај загубените поени во Менхенгладбах остана сосема опуштен:

Bundesliga Hertha BSC FC Schalke 04

Играчот на Шалке, Хајко Вестерман го прославува победоносниот гол против Херта

„Таков е фудбалот и тоа е веројатно убавото во Бундеслигата. Но, мислам дека мораме сега да останеме сосем мирни, дури и ако целта во мечот со Борусија беа трите поени, што ќе беше супер. Но, сега задачата е едноставно да се победи двапати и потоа сме шампиони.“

Шалке го искористи моментот и славеше среќна победа на гостувањето во Берлин против последната екипа на табелата Херта. Одбранбениот играч на Шалке и германски репрезентативец Хајко Вестерман во 87 минута го постигна „златниот гол“ за екипата од Гелзенкирхен. Тренерот на Шалке Феликс Магат ја искористи можноста за да му посака среќа на Бајерн во претстојниот реванш натпревар во полуфиналето на Лигата на шампионите против француски Лион, се разбира во голем дел и за сопствена полза: „Сега постои можност уште двапати да се киксира, еднаш на Бајерн веќе му успеа тоа. Се разбира, му стискам палци на Бајерн во Лион и верувам дека тие ќе одат натаму во Лигата на шампионите. А кога ќе дојдат во финалето убеден сум дека во Бундеслигата ги очекува уште еден нерешен резултат“, истакна Магат.

Вердер, Бајер Леверкузен и Борусија Дортмунд во битка за третото место

Поради цели 13 голови подобра гол разлика во однос на Шалке, Бајерн во самиот финиш на Бундеслигата влегува како лидер на табелата. И двете екипи во ова 32 коло дефинитивно си обезбедија пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. За третото место кое води во елитното натпреварување исто така ќе се води жестока битка во последните две кола, откако Вердер Бремен, Бајер Леверкузен и Борисија Дортмунд славеа важни победи во 32 коло. Вердер успеја среќно да го совлада Келн со 1:0 со гол од пенал на Торстен Фрингс во последната минута од натпреварот и поради подобрата гол разлика да го задржи третото место.

Fußball Bundesliga Werder Bremen 1. FC Köln

Торстен Фрингс беше успешен од пенал во последните минути од натпреварот Вердер- Келн

Бајер Леверкузен пак конечно ја прекина долгата негативна серија и на домашен терен го совлада Хановер, кој грчевито се бори за опастанок, со 3:0. Тренерот на Бајер Јуп Хајнкес се’ на се’ беше задоволен од настапот на неговата екипа, која го задржа четвртото место на табелата: „Денеска моравме безусловно да победиме и тоа можеше да се забележи кај екипата. Има такви натпревари кога мора да се има трпение и во кои пред се’ е важна борбата и тактичката дисциплина. Сметам дека конечно ние заслужено победивме.“

Борусија од Дортмунд славеше пак победа на гостувањето против Нирнберг, уште една екипа која се бори за опстанок, со 3: 2 и остана на петтото место, а со тоа и во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Фрајбург со предност во борбата за опстанок

Подеднакво неизвесна борба се води и за опстанокот во Лигата. Во 32 коло во оваа трка најголем исчекор направи екипата на Фрајбург. За разлика од Хановер, Херта и Нирнберг, кои беа поразени од Леверкузен, Шалке и Борусија Дортмунд, и Бохум кој во натпреварот во петокот загуби на домашен терен од Штутгарт, Фрајбург успеа да освои важни три бода во дуелот против актуелниот шампион Волфсбург. Творец на вчерашната минималната победа на Фрајбург беше Седрик Макаиди, кој смета дека е прерано да биде славен како спасител и оти борбата за опстанок трае уште едве кола: „Тоа беше важен чекор. Меѓутоа можат да се изгубат уште шест бода и затоа се’ уште не е завршено“, рече Макаиди.

Fußball Bundesliga SC Freiburg VfL Wolfsburg Flash-Galerie

Фрајбург беше поуспешен од шампионот Волфсбург

Со оваа победа Фрајбург се искачи на 14 место со 31 бод, односно три повеќе од Нирнберг и Бохум, кои се наоѓаат на 15 и 16 место, што води до разигрување со третиот од Втората лига. На последните две места кои значат сигурно испаѓање во моментов се наоѓаат Хановер со 27 и Херта со 23 бодови.

Отпуштен тренерот на Хамбургер- Бруно Лабадиа

Инаку Волфсбург по поразот од Фрајбург дефинитивно ги загуби

Deutschland Bundesliga Fussball HSV Bruno Labbadia

Бруно Лабадиа мора да бара нова работа

шансите за пласман во европските купови наредната сезона. Сличното важи и за Хамбургер кој вчера претрпе катастрофален пораз на гостувањето против Хофенхајм од 5:1, по кој денеска беше отпуштен тренерот Бруно Лабадиа. Ова воедно беше и многу лоша генерална проба за настапот на Хамбургер во реванш полуфиналниот натпревар во Европа лигата против англискиот Фулам. Тренерот на Хофенхајм Ралф Рањик наспроти тоа конечно беше задоволен дека неговиот тим по подолго време суверено доби еден натпревар: „Разликата денеска беше што ние напаѓавме, што рано дадовме голови и што екипата потоа со топка и без топка одигра навистина добар натпревар“, изјави Рањик.

Во т.н. „Мајнско“ дерби на екипите од стабилната средина на табелата Мајнц и Ајнтрахт од Франкфурт паднаа исто така шест голови. Резултатот меѓутоа беше нерешен 3:3, со што Ајнтрахт се зацврсти на деветото место на табелата пред Мајнц на десетото.

Автор: Јенс Крепела/ Симе Недевски

Редактор: Симе Недевски