1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Целосна покорност кон Ким Јонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун претседаваше со големиот собир на државните функционери на кој беше одбележана втората годишнина од смртта на неговиот татко, само неколку дена откако нареди егзекуција на својот тетин

Севернокорејската државна телевизија прикажа снимки од настанот на кој илјадници функционери од армијата и владејачката партија се собрале во Мавзолејот во Пјонгјанг да му оддадат почит на Ким Јонг Ил кој почина пред две години.

Функционерите седеа во целосен молк неколку минути пред да експлодираат во громогласен аплауз при влегувањето на Ким Јонг Ун во салата.

Според севернокорејската новинска агенција, КНС, присутните најпрво се поклониле пред „портретите на насмеаните претседали Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил“, по што следувале серија говори и завети во кои му била искажувана безусловна послушност на младиот лидер, кој ја презема власта по смртта на татко му на 17 декември 2011.

„Ние сме војниците кои треба да го бранат партискиот врв со своите животи... со убеденост дека за нас не постои никој друг освен големиот другар Ким Јонг Ун“, порачал Ким Јонг Нам, формалниот шеф на севернокорејската држава. „Само со воздигнување на почитуваниот Ким Јонг Ун нашата земја ќе напредува како земја на вечното сонце“, додал Нам.

Nordkorea Kim Jong Un Gedenktag Pyongyang Screenshot KRT TV

Портрет на поранешниот претседател Ким Јонг Ил

Уште подраматичен завет пред присутните дал првиот човек на воените сили во земјата Чое Рионг Хае.

„Нашите револуционерни сили не знаат за никој друг освен за Ким Јонг Ун“, порачал маршалот Хае. Севернокорејската агенција уште додава дека сите говорници дале завет дека „ќе станат човечки куршуми и бомби... одлучни да го заштитуваат Ким Јонг Ун до неговата смрт“.

Набљудувачите од Јужна Кореја и од други земји се обидуваа од снимките да утврдат дали на настанот присуствувала и тетката на Ким Јонг Ун. Според извештаите Ким Кјонг Хуи - вдовица на неодамна егзекутираниот Јанг Сонг Таек, не се појавила на прославата. Нејзиниот сопруг и тетин на лидерот Ким Јонг Ун беше обвинет за заговор против државниот врв и експресно ликвидиран, иако долго важеше за негов ментор и најблизок соработник.