1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Целосна поддршка од над 24 проценти за Скопје 2014

Над 24 отсто граѓани го поддржуваат проектот Скопје 2014, покажа анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“, спроведена од „Ипсос Стратеџик Пулс“. Албанците двојно повеќе од Македонците не го поддржуваат овој проект.

На прашањето: „Во колкава мера го поддржувате или не го поддржувате проектот Скопје 2014“, 24,4 проценти од испитаниците одговориле дека целосно го поддржуваат овој проект. Негативно одговориле, односно проектот воопшто не го поддржуваат 34 проценти од анкетираните. За одговорот „до некаде“ се определиле 39,2 отсто од испитаниците.

На истото прашање, поставено на етничките Македонци, позитивн одговор, односно одговор за целосна поддршка дале 28 проценти, за делумна 42 проценти, додека 27 отсто негативно се изјасниле по овој проект.

Skopje 2014 Theater

Триесет и четири проценти од анкетираните одговориле дека воопшто не го поддржуваат проектот Скопје 2014

Во анкетата направена кај етничките Албанци, пак, 14 проценти се изјасниле дека целосно го поддржуваат проектот, додека 26 проценти се со делумна поддршка, а 57 проценти, пак, одговориле дека воопшто не го поддржуваат проектот Скопје 2014.

Прашани: „Во колкав степен вам лично ви се допаѓа барокниот стил на градбите од проектот Скопје 2014“, 25 проценти од анкетираните одговориле дека воопшто не им се допаѓа, а сосема им се допаѓа на 21 процент од испитаниците.

Споменикот и фонтаната „Воин на коњ“, пак, им се допаѓа на 49 проценти од анкетираните, а не им се допаѓа на 22 отсто.

Анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“ била спроведена на 2.000 испитаници, во перидот од 26 јуни до 7 јули годинава.