1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Целодневен полициски час во Багдад

Повеќе од 130 лица загинаа во насилствата и судирите меѓу сунитите и шиитското население во Ирак, како последица на уништувањето на џамијата во градот Самара. Властите преземаат мерки за смирување на насилството

Од демонстрациите во Багдад

Од демонстрациите во Багдад

Американскиот претседател Џорџ Буш најостро го осуди уривањето на џамијата во градот Самара. Според него тоа е политички акт чија заднина е предизвикување раздор меѓу граѓаните во Ирак

„Граѓаните на САД силно го осудуваат уривањето на златната Џамија. Ние веруваме во слободата на богослужење. Ирачаните треба да разберат дека експлозијата е со намера да предизвика граѓански раздор, дека делото е ѓаволски акт. Уништувањето на свет храм е политички акт со намера да предизвика раздор„ рече Буш

Британскиот премиер Тони Блер го осуди бомбашкиот напад врз џамијата и повика на единство против терористите кои сакаат да им наштетат на демократските процеси:

„ Ова е акт на очајност, чин на сквернавење од страна на луѓе кои го сторија ова. Борбата во Ирак е иста како и низ целиот свет. Демократија против екстремизмот и тероризмот„ рече Тони БЛер

Министерот за внатрешни работи на Ирак прогласи полициски час во Багдад како обид да се смири состојбата по насилствата. Во меѓувреме политичките преставници на сунитите во парламентот се повлекоа од преговорите за формирање на колаициона влада. Преставник на партијата изјави дека тие нема да ги продолжат разговорите се додека не добијат официјално извинување од шиитската алијанса за нападите врз сунитските џамии.