1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Целно убивање - тактика против талибанците?

Целното убивање на водечки припадници на Талибанците, дури ако при тоа мораат да настрадаат и повеќе недолжни цивили, веќе подолго спаѓа во тактичкиот пристап на американскиот генерал Стенли Меккристал.

default

Командантот на ИСАФ силите, Стенли Меккристал

Американскиот генерал со години на ред, уште пред да ја преземе командата на меѓународните сили ИСАФ, се обидува да ја добие војната во Авганистан преку целно убивање на водечки фигури на противникот.

„Тоа не функционираше“, појаснува Ендрју Ексам, поранешен офицер на американската армија и соработник на Пентагон. Тој го познава Меккристал многу добро, бидејќи беше член на неговиот советничк тим. Меккристал цели пет години од 2003 до 2008 беше раководител на специјални сили пред да стане командант по доаѓањето на претседателот Барак Обама на власт. Единицата што ја раководеше Меккристал се вика:

Obama Nobelpreisverleihung

Претседателот Барак Обама на добивањето на Нобеловата награда за мир

„Џејсок е кратенката за ’Командата на здружените специјални операции’ при американската армија, која заедно со борбените единици на тајната служба ЦИА и со платениците од приватните американски фирми како ’Блеквотер селект’ имаа само една цел: да ликвидираат што е можно повеќе лидери на терористичката мрежа Ал Каеда и на талибанските бунтовници. При тоа целта ги оправдуваше средствата и не беше проблем дури и ако има голем број цивилни жртви во акциите“, појаснува Ексам.

Поддршка од Буш и Чејни

„Кога едно од лицата кои ги бараме се наоѓа во зграда заедно со уште 34 цивили, тогаш тој ден едноставно умираат 35 луѓе“ - тоа со години беше мотото на специјалните сили Џејсок, со кои командуваше Меккристал, појаснува воениот експерт Џереми Скахил за радио програмата „Демократија сега“. „Поранешниот заменик претседател на САД, Дик Чејни и тогашниот министер за одбрана Рамсфелд целно ги користеа специјалните сили Џејсок за да го спроведат во дело нивниот концепт за борбата против тероризмот. Тоа го правеа заобиколувајќи го официјалното армиско раководство и на штета на цивилното население.“

Том Енгелхард, реномиран американски публицист и експерт за воената активност на Стенли Меккристал, нагласува дека овој генерал во тој смисол зад себе има темно минато. Не е ни чудо што Џорџ Буш и неговиот заменик Дик Чејни беа одушевени од решителноста на Меккристал.

Georgien USA Vizepräsident Dick Cheney bei Michail Saakaschwili in Tiflis

Поранешниот заменик претседател на САД, Дик Чејни

Но, и новиот американски претседател Барак Обама ја прифати стратегијата на Меккристал за користење беспилотни летала, вооружени со ракети, за целни напади врз Талибанци во ридскиот регион меѓу Авганистан и Пакистан. Така од доаѓањето на Обама на власт загинаа преку 500 цивили, посочува магазинот „Њујоркер“. Наспроти тоа Обама се реши за натамошно зголемување на бројот вакви операции со беспилотни летала. Но, на тој начин се создава поголема штета од корист, оценува експертот Ендрју Ексам, бидејќи убивајќи и недолжни цивили САД си создаваат поголем број непријатели, отколку што успеваат да ги ликвидираат. Ексам, поранешен советник на Меккристал, ја напуштил работата во Пентагон, зашто во меѓувреме е силен противник на ваквиот начин на војување. За реномираниот американски публицист Том Енгелхард едно е недвојбено: „Овој начин на војување само предизвикува нов терор.“

Автор: Ралф Зина/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска