1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Целиот свет трага по Асанж

Интерпол го стави основачот на интернет сајтот Викиликс, Џулијан Асанж, на списокот на најбарани лица и активираше меѓународна потерница по него, врз основа на сомневањата на Шведска дека извршил сексуално насилство.

default

Се бара!

Меѓународната полициска организација со седиште во Лион, во Франција, ја издаде т.н. „црвена белешка“ за Џулијан Асанж, кој е роден во Австралија, што е еднакво на неговото вклучување на листата на најбарани лица.

Одлуката на Интерпол беше очекувана, откако во средината на минатиот месец, шведски суд го одобри барањето 39-годишниот Асанж да биде повикан на сослушување. „Црвената белешка“, која беше објавена на сајтот на Интерпол, најверојатно ќе го отежни неговото патување во странство.

Асанж, чие моментално место на живеење не е познато, е осомничен за силување, сексуално злоупотребување и незаконско принудување на секс. Тој ги отфрла

Wikileaks Hillary Rodham Clinton

Хилари Клинтон изјави дека објавувањето на доверливите документи претставува „напад врз меѓународната заедница“

обвиненијата, кои беа покренати по неговата средба со две жени при посетата на Шведска, во август годинава. Неговиот адвокат го очекува исходот од жалбата поднесена пред Врховниот суд во земјата.

Асанж бара оставка на Клинтон

И додека светската полиција трага по Асанж, тој денеска во интервју за неделникот „Тајм“ побара оставка од американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Разговорот бил сниман преку телефонскиот сервис „Скајп“ од тајна локација. Асанж вели дека Клинтон треба да поднесе оставка ако се докаже дека им наредила на американските дипломати да ги шпионираат своите колеги од другите земји, бидејќи на тој начин се прекршени меѓународните конвенции.

Клинтон вчера изјави дека објавувањето на доверливите документи претставува „напад врз меѓународната заедница“. Американскиот Стејт департмент, во меѓувреме, го укина пристапот до доверливата кореспонденција од владината компјутерска мрежа, откако „Викиликс“ објави огромен број тајни документи.

Мерката драстично ќе го ограничи бројот на владините службеници, кои можат да читаат важна дипломатска кореспонденција. Одлуката е времена, но ќе биде во сила се‘ додека не бидат корегирани слабостите во заштитниот систем на информацијата на Стејт департментот, изјави неговиот портпарол, Пи Џеј Кроули.

Wikileaks / Julian Assange / Irak / USA / London

Се претпоставува дека Џулијан Асанж постојано ја менува локацијата

Нови документи на Викиликс

Асанж најави и дека подготвува нова серија тајни документи, во кои, овојпат, ќе се дознае вистината за голема американска банка. Неговата изјава веднаш предизвика пад на акциите на „Бенк оф Америка“ за повеќе од 3 проценти.

Се смета дека Асанж води таен живот и ретко спие на исто место две вечери едноподруго. Левичарската влада на Еквадор вчера првично му понуди прибежиште на Асанж, но претседателот Рафаел Кореа синоќа ја отфрли поканата.

Автор: БГ/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM