1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Цела куќа со божиќни декорации

Германско семејство Вагнер наместо да ги троши парите за одмор, ги собира за божиќни декорации на својата куќа. Таа во меѓувреме прерасна во вистинска атракција, а страста за декорирање ги затрупа Вагнерови со украси.

Маргот и Саид Вагнер одбројуваат: „Четири, три, два, еден...“ Тие го очекуваат вклучувањето на светлечките декорации пред нивната куќа, но ништо не се случува.

„Светло! Ах, супер, се’ свети“, иронично забележува Маргот.

Тајмерот се чини дека штрајкува. Одеднаш светлата се палат, а Маргот извикува: „Ох, светло!“

Секоја вечер околу 17 часот во деновите пред Божиќ истата игра - Маргот и Саид Вагнер го вклучуваат осветлувањето на својата куќа. Тоа е главна атракција во Бендорф во јужна Германија.

„Јас сум малку луда, ама маж ми е полуд. Тој секогаш купува повеќе работи. И уште повеќе, уште повеќе, уште повеќе... Нему тоа му се допаѓа, а и мене секако дека тоа ми се допаѓа, ама во меѓувреме тој стана полуд од мене“, објаснува љубителката на божиќни декорации Маргот Вагнер.

Притоа Саид Вагнер е муслиман. Сеедно, тој ги сака божиќните празнувања, а најмногу декорациите и величествениот сјај.

„Ова е мојот живот. Да. Божиќ за мене е еден и единствен. Искрено“, вели Саид Вагнер, сопственик на декорираната куќа.

Внатрешната декорација е задача на неговата сопруга. А, и во куќата има се‘ повеќе декорации. Таа страст за собирање има и последици. Одамна Маргот има повеќе отколку што и’ треба.

„Тој (легнат Дедо Мраз во креветче, н.з.) мора да остане на полицата, бидејќи за жал не можам се’ да ставам“, вели љубителката на божиќни декорации.

30. Sendung Evropanorama

Декорираната куќа е вистинска атракција

И покрај тоа ќе се купува уште. Новина годинава се светлечкото дрво и пингвините за илјада евра.

„Во последниве десет години не сме биле на одмор. Ние на ова гледаме како на наше хоби и за тоа ги даваме нашите пари. Тоа не’ прави среќни“, вели Маргот Вагнер.

Тоа ги привлекува соседите. Кој сака може да дојде и да се вчудовидува. Секоја вечер вратите кај Вагнерови се отворени.

„Здраво, малечок снешко!“, извикува едно момче. А, не се воодушевени само малите.

„Мене секогаш потоа ме фаќа меланхолија“, вели една посетителка на декорираната куќа. На прашањето зошто, таа одговара: „Со светлата се’ е поинаку“.

Друга посетителка додава: „Прекрасно! Вака е со години. Ние го гледаме ова секоја година“.

Прашан што му се допаѓа, еден од посетителите вели: „Оваа цела атмосфера тука, ова е прекрасно направено. Задоволство ми е да разгледувам“.

Но, има и такви кои размислуваат продлабочено. „И јас сметам дека е прекрасно. Но, мислам и на сметката за струја“, вели посетителка на декорираната куќа.

Донации за струјата? Не, неа Вагнерови сами си ја плаќаат. Во секој случај тие собираат пари за прифатилиште за животни. Таму ги даваат собраните пари. Во меѓувреме доаѓаат толку многу посетители, што понекогаш губат преглед, и покрај камерата за надгледување.

„Дневно има по 40 луѓе. Сите не влегуваат внатре, некои мораат да почекаат надвор. Едни излегуваат, други влегуваат. Навистина, преполно е“, објаснува Саид Вагнер, сопственикот на декорираната куќа.

Светлечката куќа на Вагнерови е убав подарок за посетителите и соседите.