1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Цебит 2012 отворен од вселената

Во Хановер денеска (06.03.2012) вратите за посетителите ги отвора најголемиот саем за информатичка технологија - Цебит. Синоќа беше свеченото отворање на саемот, кој ќе трае до 10 март .

default

Aстронаутот Андре Куиперс им се обраќа на присутните на отворањето на Цебит

Цебит 2012 е отворен. На најголемиот саем на информатичка технологија во светот, годинава своите новитети ги презентираат повеќе од 4000 претпријатија, од преку 70 земји. Земја-почесен гостин годинава е Бразил. На отворањето на саемот во Хановер затоа дојдоа двете во моментов можеби најмоќни жени во светот: германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Бразил, Дилма Русеф. Саемот, меѓутоа, годинава го отвори еден астронаут - Андре Куиперс.

Меркел не ги одмина овоземските теми

Cebit-Eröffnung von Merkel und Rousseff

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Бразил, Дилма Русеф

Безжична комуникациска врска до Меѓународната вселенска станица - во живо од Хановер до астронаутите во вселената. Токму за почетокот на Цебит организаторите сакаа да покажат што се’ овозможува техниката.
Кусо пред тоа германската канцеларка Ангела Меркел се осврна на овоземските проблеми. Нејзина централна тема беше европската должничка криза. Меркел го искористи говорот за отворање на Цебит за повторно да апелира за доверба во рамките на Европа.
„Од една страна, доверба во тоа дека секој се придржува до правилата - на пример, кон стабилна и солидна буџетска политика. И на друга страна, верба во тоа дека во тешките моменти во рамките на ЕУ и посебно на еврозоната функционират и механизмите на солидарност“, изјави германската канцеларка.

Безбедноста во фокус

За довербата на своите клиенти пак, на Цебит се борат фирмите. И сакаат да ја освојата преку поголема безбедност во интернет. Согласно со тоа, најголемата саемска сала е исклучиво посветена на темата - безбедност. Речиси 100 милијарди евра изнесуваа штетите што интернет-криминалците ги предизвикаа минатата година, проценуваат експертите. Тоа беше повод за организаторите на Цебит безбедноста да ја направат тежишна тема на саемот. Во наредните денови ИТ-фирмите ќе покажат како планираат да го направат интернетот побезбеден.

Автор: Данијел Вишевиќ / Симе Недевски

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!