1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ЦЕБИТ: Шеринг економијата е главна тема

Хановер повторно станува Мека на дигиталниот свет. Денеска (04.03) се отвора саемот за технологија ЦЕБИТ. Годинава најновите технологии и трендови во дигиталната економија ги презентираат 4100 претпријатија од 70 земји.

Топ тема на најважниот саем во светот за информатичка технологија, телекомуникации и електроника и сите мрежни поврзаности што од тоа произлегуваат, годинава е шеринг (шер значи споделување н.з.) економијата, односно споделување и заедничко користење на производи. Пред се‘ за младите луѓе денес е разбирливо само по себе споделувањето на интернет на се‘ можно - знаење, искуства, музика. Автомобили се изнајмуваат за неколку часа, велосипеди исто така. Сето тоа може да се види на годинашниот ЦЕБИТ за темата да стане приемчива за муштериите.

CeBIT 2013 Frank Pörschmann

Франк Першман, шеф на ЦЕБИТ

Знаењето е единствен ресурс што се множи кога се споделува, вели шефот на ЦЕБИТ Франк Першман. „Тоа во суштина е она што ние денес го гледаме на социјалните мрежи, во време на Твитер и Фејсбук.“ Се споделува знаење, контакти, искуства. „Ваквото, ќе го наречам фејсбукизирање, се‘ повеќе е присутно и во науката. На тој начин ресурсите на знаење стануваат достапни во пошироки размери, економијата може побрзо да се развива и да раѓа иновации.“

Добитници можат да бидат многумина

Претпријатијата за мобилна телефонија сакаат да бидат и двигатели на ваквиот развој и да ги берат плодовите од него. Со оглед на се‘ поголемиот пад на цени во време на All-Net-Flatrates (голем број услуги за еден месечен паричен износ н.з.) мора да се бараат нови сфери со кои во иднина ќе се заработуваат пари. На саемскиот штанд на Водафон Германија, на пример, се презентира мрежно поврзување. Портпаролот на Водафон, Казеј Езенер, вели: „На ЦЕБИТ го прикажуваме нашиот каршеринг-модел. Преку смартфон барате автомобил, истиот го резервирате преку смартфон и го отклучувате со вашиот смартфон.“

Symbolbild Cloud Computing

Cloud Computing - една од темите на ЦЕБИТ

Меѓутоа, се поврзуваат и модерните работни процеси, работните места стануваат помобилни. „Тоа е присутно во многу бранши - се поврзуваме во здравствениот сектор, како и во голем број индустриски гранки, кои на тој начин стануваат поефикасни.“

Шеринг економијата не е и единствената ЦЕБИТ-тема. Во фокусот се и апликациите за мобилни телефони, како и таканаречениот Cloud-Computing, односно децентрализираното складирање податоци. Темата безбедност притоа е на прво место. Многу решенија во оваа сфера доаѓаат од млади претприемачи. Во Хановер се презентираат повеќе од 200 млади претприемачи од цел свет. Заеднички германско-полски штанд за млади претприемачи вечерва , по отворањето на ЦЕБИТ, ќе посетат и германската канцеларка Ангела Меркел и Доналд Туск, премиер на Полска, која годинава е земја партнер на саемот.