1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЦЕБИТ – Азија

Во Шангај по петти пат е отворен азискиот ЦЕБИТ, саем за информативна технологија. 430 фирми од 18 земји ги презентираат нивните нови продукти и трендови во оваа бранша.

Какви уште чуда не очекуваат?

Какви уште чуда не очекуваат?

Најпознатите имиња од Кина, како Леново или Хуавеи не се присутни. За нив ЦЕБИТ во Хановер е вистинска адреса. Но она што е најинтересно го соопштува шефот на ЦЕБИТ-активности во целиот свет Јерг Шомбург, имено дека Индија и Кина во наредните пет години ќе формираат алијанса во оваа бранша:

„Индија не може да произведува. Секогаш на шега велам: она што тие го создваат е само играчка. Напротив, Кина извонредно може да произведува. Индија пак, е најдобриот софтвер производител во светот. Ако се обединат, а до тоа сигурно ќе дојде, тоа уште еднаш драматично ќе ги промени пазарите во светот„.

Во меѓувреме Кина е држава број 1за прозиводство во електронската и во индустријата за информативна технологија со годишен пораст од 24 насто. Посметрачите сметаат дека Кина до 2015 година ќе ги надмине Соединетите Американски Држави како најголем пазар за ваквата технологија.

Поврзана содржина