1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЦДУ треба да ги договори насоките за иднина

Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел на партискиот конгрес во Хановер денеска (05.12) треба да ги донесе насоките за работа „Силна Германија. Шанси за сите!“.

„Не би сакале само да се чукаме по рамо, но она што го постигнавме навистина може да се види“, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која е повторно избрана за лидер на ЦДУ и тоа со 98 проценти од гласовите. Таа извлече позитивен биланс од сработеното, но предупреди дека не треба да се мирува, затоа што се живее во време на криза.

Делегатите на ЦДУ на конгресот вчера се изјаснија за постепено зголемување на правата на пензија на мајките чии деца се родени пред 1992 година. Барањето на 13-мина пратеници на ЦДУ за ставање на хомосексуалните животни заедници на исто ниво во поглед на даночните права и обврски како и хетеросексуалните брачни парови не доби неопходно мнозинство.