1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЦДУ го одобри коалицискиот договор

Првата пречка е помината - на партиски собир во Берлин, Христијанско-демократската унија го одбри коалицискиот договор со социјалдемократите. „Долго преговаравме, конечно треба да работиме“, изјави шефицата Меркел.

Со големо мнозинство гласови 180-те делегати на ЦДУ во Брелин се согласија со коалицискиот договор со СПД. Само двајца делегати беа воздржани, а немаше гласови против. Претходно се водеше жива дискусија, при која документот беше и критикуван. На почетокот на партискиот собри претседателката на ЦДУ и канцеларка Ангела Меркел побара поддршка за Коалициониот договор, кој е резултат на преговори што не беа лесни.

„Многу внимателно ги одвагавме компромисите, при што за некои работи рековме не, а со некои се согласивме“, рече Меркел.

На пример, Унијата рече „не“ за зголемувањето на даноците, зашто се стравува дека ова барање на СПД ќе доведе до укинување работни места. Но, беше излезено во пресрет на заложбата на СПД по прашањето за пензиите, така што заедничкиот договор предвидува работник кој 45 години уплатувал во пензиската каса, може во пензија без одбивања од нејиниот износ да оди со 63 години. И кај минималната плата е излезено во пресрет на барањата на СПД, од 1. јануари 2015. година минималната заработувачка а еден час работа ќе изнесува 8,5 евра.

Во последните денови пред се‘ стопанското крило на ЦДУ и младите пратеници извршија критики на Коалициониот договор, оценувајќи го како оптоварување за стопанството и младата генерација. Меркел ја отфрли критиката.

Следниот викенд се очекува и изјаснувањето на СПД. Околу 475 илјади партиски членови треба да гласаат за коалицискиот договор. Според извори од партиската централа, најнискиот пропишан праг на учество е надминат, 20 проценти, зашто веќе гласале околу 200 илјади партиски членови.