1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЦДУ ги поддржа реформските предлози на "Комисијата Херцог"

Германската опозициона христијанско-демократска унија и покрај жестоките дискусии во предвечерјето на конгресот, вчера во Лајпциг - со широка поддршка за реформските предлози на комисијата Херцог. Лидерот на партијата, Ангела Меркел и поранешниот германски претседател, Роман Херцог, ожнеаја апсолутна согласност на делегатите со предлогот за преструктуирање на социјалната држава.

Ангела Меркел со својот говор на првиот ден на конгресот ги скицираше насоките кои треба да произлезат од овој конгрес на ЦДУ - партијата е политичкиот реформски мотор во Германија. И, за да може да се одговори на предизвиците на иднината, социјалните системи во Германија мора така да се реформираат, што ќе можат да одржат чекор со изменетите економски услови на иднината.

Во својот документ "Социјала безбедност", ЦДУ се прости од досегашниот модел на здравствено осигурување во зависност од платата. Наместо тоа осигурениците треба да плаќаат т.н. премија по глава, од 200 евра, независно од висината на личниот доход. предлогот беше прифатен од делегатите со големо мнозинство. На критичарите Меркел им се обрати со зборовите:

"Здравјето на секој човек за нас е еднакво вредно, здравјето на секретарката и на шефот имаат еднаква вредност. Затоа трошоците за секретарката и за шефот треба да бидат исти. Се' друго би била медицина во две класи."

И пензиското осигурување треба да се прилагоди на променетите услови. Со оглед на тоа што германското општество станува се' постаро, граѓаните во иднина мора да работат подолго, смета ЦДУ. За да се добие целосна пензија, во иднина треб ада се работи до 67-мата година. Исклучок - кој со 63 години, работел веќе 45 години, може да замине во пензија.

Но, поранешниот претседател, Роман Херцог, беше јасен - сите напори би биле попусти, ако германското општество не биде поблагопријатно за раѓање деца. "Или ние Европејците повторно ќе ја откриеме волјата за деца, или уште со децении ќе се мачиме со последиците од остареното општество."