1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЦДУ води, опстанокот на владината коалиција неизвесен

Првичните прогнози, направени со анкетирање на гласачи откако гласале, ги потврдуваат претходните - дека исходот ќе биде неизвесен, а разликата тесна.

Христијанско-демократската унија на актуелниот канцелар Ангела Меркел е убедлив победник на денешните избори за Бундестагот. Прогнозите на АРД и ЦДФ (првата и втората програма на германскиот јавен ТВ-сервис) се слични: 42 проценти за ЦДУ кај АРД, додека 42,5 кај ЦДФ, заедно со сестринската баварска партија ЦСУ. Сепак, за Меркел и нејзината актуелна коалиција ќе биде критично до пребројувањето на последните гласови, оти за помалиот партнер - либералите (ФДП) не е сигурно дека ќе влезат во новиот состав на Бундестагот: според АРД се под границата од неопходните пет проценти - 4,7, а според ЦДФ 4,5.

Кај опозицијата, социјалдемократите (СПД), според АРД ќе освојат 26, според ЦДФ половина процент повеќе. Зелените 8,5 односно осум, Левицата 8 односно 8,5. Евроскептичната партија Алтернатива за Германија (АфД) е на 4,9 односно 4,8 проценти, и како и либералите, ќе остане во неизвесност до конечното пребројување на гласовите.

Ова се првите излезни прогнози. Податоците за учеството на избирачите се нешто подобри отколку на претходните избори пред 4 години.