1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Цветен бизнис

Откако зимата во минатата недела уште еднаш ги покажа забите, заедно со снег кој го немаше доволно во „вистинската„ зима, конечно во Германија би требало да завладее пролетта. Сонцето го има се повеќе, температурите се во пораст. И сега почнува бизнисот на градинарските центри и трговците со цвеќе. Таканаречената зелена бранша во вој период има полни раце работа, зашто Германците уживаат во тоа нивните гр

Шарено, убаво, задоволство и раат!

Шарено, убаво, задоволство и раат!

�дини и тераси да бидат богато и шарено украсени.

Веднаш да кажеме: цветните пазари во Германија се во тренд задно со пролетта. За цвеќиња за терасите и градините, Геманците во минатата година потрошија скоро 9 ипол милијарди евра. Повеќе од кога и да е. Претседателот на централното градинарско здружение Хајнц Херкер е задоволен:

„Зелено, цвеќиња, бои, живот, тоа е ’ИН’ и се повеќе добива на значење кај нас. Она што не загрижува, се трошоците кои многу не оптоваруваат, а ние не можеме да ги префрлиме врз муштериите. Во прв ред станува збор за трошоците за енергија„.

Сепак, на оваа бранша досега и одеше добро со стапка на пораст од 1,2 процента. Секој Германец годишно во просек купува зеленило и цвеќе за 115 евра: од прскалки до косачи за трева. На тој начин Германија е некрунисан светски првак. Меѓутоа, без увоз од земјите во развој сјајот на цвеќињата во германските градини и вази не би бил толку богат. Хајнц Херкер:

„Од посебно значење е африканскиот пазар за рози и сечено зеленило. Се разбира и од јужно-американските држави: Еквадор, Колумбија и така натаму кои произведуваат на високи терени што им обебзедува доволно светлина, односно одлични климатски услови. Тие се нашите главни снабдувачи во зимските месеци„.

Инаку, меѓу Балтичкото море и Алпите вкупно има 18 милиони домашни и мали градини. За нивните сопственици тие претставуваат нешто како оази на мирот, вели Петер Штолман:

„Да, мојата градина е дел од квалитетот на живеење. Градината ми е алтернатива за секојдневјето. Можеш да се повлечеш таму, се чувствуваш убаво и можеш да засадиш се што му се допаѓа на твоето око, што ќе ти ја разгали душата и да го заборавиш сето она што те оптоварува„.

За сопстевната градина – макар колку да е мала – важи мотото: овде сум човек, овде можам да бидам јас. Меѓутоа, и добро мора да се работи, зашто градината нема да биде убава сама од себе. Во анектата што ја направи Централното градинарско здружение, како што вели Хајнц Херкер, се забележува нов тренд:

„Добиваме сосема нова клутура. Дел од неа доаѓа и од Англија, каде што цвеќарството е и општествен настан. Да се има нова градина, да се негува и да се стекне навика за работа и истовремено тоа да не се доживува како товар, туку како убаво доживување во слободното време„.

Задоволство кое чини и пари. Во просек трошоците за периодичната нега на една градина достигнуваат до 530 евра. Тенденција што оди нагоре.

Германците градината ја открија како простор за уживање, што пак за градинарската бранша е златен рудник. На цветните пазари низ земјата, сопствениците на градини како Петер Штолман, навреме се снабдуваат со материјали потребни за пролетната сезона. Но, и за мала куќичка во цвеќе:

„Само за засадување не е направено ништо. Кога и да е се посакува во градината и мала колиба. Потоа и мала патека. Камена. И почнува работа што нема крај. Можеби и затоа да се има нешто да се работи со задоволство и во поодмината старост„.

Во ваков случај, домашниот буџет тоа ќе го олесни за околу 3 илјади евра. Во моментов зелениот пазар доживува бум. Само во оваа година браншата очекува пораст од преку 4 милијарди евра.