1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Царнаев се изјасни за невин

Преживеаниот осомничен организатор на бомбашките напади во Бостон се изјасни за невин по сите 30 точки од обвинението. Неговиот брат загина по престрелка со полицијата.

Рускиот државјанин Џохар Царнаев, за првпат јавно се изјасни за невин по сите точки од обвинението кои му ја припишуваат организацијата на бомбашкиот напад за време на бостонскиот маратон на 15 април годинава, во кој загинаа три лица, а стотици беа повредени. 19-годишниот етнички Чеченец делуваше незаинтересирано за време на првото сослушување во Сојузниот суд во Бостон кое го следеа десетици роднини на жртвите од бомбашкиот напад, но и членови на неговото семејство. Обвинителството побара смртна казна за Царнаев по 17 точки од обвинението.

Според обвинението, Царнаев е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување и напад врз јавно место. Обвинението го товари дека поставил една бомба покрај патеката на маратонот и му помогнал на својот постар брат, Тамерлан Царнаев, да постави уште една бомба. Дополнително, тој е обвинет и за убиството на полициски офицер четири дена по бомбашкиот напад. Заедно со неговиот постар брат учествувале во престрелка со полицијата во која употребиле и експлозив. Во престрелката Тамерлан Царнаев бил ранет и лежел

Dschochar Zarnajew Anschläge Boston Marathon Watertown

Џохар Царнаев

на земја, и според обвинението, Џохар Цорнаев со украден автомобил го прегазил својот брат. Џохар Царнаев бил тешко ранет во престрелката и подоцна е пронајден сокриен во чамец, и се‘ уште е на медицинска нега. На чамецот со својата крв напишал „Владата на САД ги убива нашите невини цивили“.

Десетина поддржувачи на Царнаев демонстрираа пред судот за време на одржувањето на судењето, извикувајќи „Правда за Џахар“ и „Слобода за Џахар“.