1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Цариградскиот самит, успех за МПЦ?

Македонската православна црква со оптимизам гледа на заклучоците од големиот црковен самит, што минатата недела се одржа во Истанбул. На собирот сепак немаше нејзини претставници.

default

Соборниот храм во Скопје

Македонската православна црква не се споменува во заклучоците, ниту пак нејзини претставници присуствуваа на Пан-ортодоксниот собир на кој учествуваа 17 патријаршии и цркви. Но нема место за песимизам, тврди во изјавата за Дојче Веле, членот на Светиот архиериски Синод, владиката Климент.

Православните цркви се подготвени да ги решат проблемите

МПЦ не беше поканета бидејќи се уште нема статус на афтокефална црква, објаснува владиката кој цариградскиот самит го толкува како своевиден успех за МПЦ: „Лидерите на православните земји и цркви не дозволија на тоа заседание на соборот, МПЦ да биде супституирана од паралелната јуриздикција на т.н Православна Охридска архиепископија, која што дотогаш, според она што го слушавме се претсавуваше како канонска црковна структура во Република Македонија. Меѓутоа отсуството на т.н ПОА на Вранишковски на соборот во Цариград покажа, дека таа не е доживеана, ниту како автономна, ниту како афтокефална црква.“

40 Jahre Mazedonische Orthodoxe Kirche

Македонските владици

Во заклучокот од самитот во Цариград стои дека православните цркви се подготвени да ги разрешат сите канонски неправилности произлезени од историските околности и се подготвени на предлог на Вселенската патријаршија за проблемите да разговараат на сеправославно советување, кое би се одржало наредната година.

Дали Украинската црква ќе и го отвори патот на МПЦ?

Добро е за МПЦ што е отворено прашањето на Украинската црква, која исто така бара афтокефалност. Украинската црква ќе и го отвори патот и на МПЦ, смета владиката Климент и посочува пример што покажува дека православниот свет почнува да ја прифаќа реалноста за постоењето на Македонската православна црква: „ Неодамна, еминентен претставник на Руската православна црква, рускиот епископ Иларион Алсеев, спомена и јавно кажа дека, православието и православните цркви со нетрпение ја очекуваат Македонската православна црква во семејството на помесните православни цркви.“

Една од клучните пречки за добивање на самостоен афтокефален статус е спорот на МПЦ со Српската православна црква. Црковен Белград го негира постоењето на МПЦ како самостојна црква и бара таа да го смени името за да и овозможи рамноправна позиција меѓу останатите православни цркви.

DW.COM