„Хјуман рајтс воч“ против самоволијата на грчките власти кон странците | Европа | DW | 05.08.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Хјуман рајтс воч“ против самоволијата на грчките власти кон странците

Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ во извештај за Грција предупредува на сериозни самоволија на грчките власти кон странците во земјата.

По повод навршувањето на една година од операцијата под назив „Ксениос Зевс“ на грчката полиција, организацијата констатирала случаи на лош однос на властите кон имигрантите во земјата и особено во престолнината Атина.

„Хјуман рајтс воч“ се повикува на сведоци според кои вршењето полициски проверки врз имигранти биле вршени на присилен начин. Се истакнува дека од август 2012 до 22 февруари 2013 година полицијата запрела на улици за проверка 84.792 странци во Грција и оти само 4.811 од нив - околу шест отсто имале нелегален престој, а 59 биле уапсени.

Во изминатите години Грција презела огромна одговорност, бидејќи преку областа Еврос поминуваат 90 отсто од имигрантите на пат за Европа без да поседуваат законски документи. За таа ситуација голема одговорност носат и грчките власти, кои се согласија и потпишаа соодветни договори, како широко познатиот документ Даблин 2, наведува организацијата.

Невладината организација изрази надеж дека грчката влада ќе го осуди постојаното полициско насилство врз странци во земјата.