1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хјуман Рајтс Воч го осудува „ловот“ на имигранти во Грција

Властите во Грција продолжуваат со проверки во Атина во рамки полициската акција против нелегалната имиграција почнатата во минатата недела со коден назив „Ксениос Зевс“. Хуманитарните организации со критики...

Хјуман Рајтс Воч остро го осуди како што рече „ловот“ на имигранти во Грција кои немаат документи. Организацијата за човекови права оценува дека за ваквата операција на грчките власти нема никаква законска основа.

„Грција има право да ги применува законите за имиграција и по праведна процедура да ги протера оние кои немаат документи за престој во земјата, изјави претставникот на ХРВ, Бенџамин Вард. Тој меѓутоа укажа дека „Грција нема право да ги третира луѓето како криминалци или да претпоставува дека имаат нерешен статус врз основа на разната или етничката припадност“.

Грчката полиција во голема операција за време на викендот приведе 7000 лица под сомневање дека нелегално влегле во земјата а повеќе од 1600 ќе бидат вратени во земјата на потекло.

Имигрантите кои чекаат депортација се испратени во привремени центри за притвор а останатите се ослободени. Во акцијата учествуваат околу 4500 плицајци.

Грчките медиуми јавуваат дека операцијата продолжува и оти при проверки биле приведени 156 странци. По обвиненија за проституција приведени се 45 жени. Полициски тимови регистрирале нерегуларности и даночни затајувања во 47 продавници. Одземена е стока и уапсени се тројца странци.