1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ху Џинтао постави милионер на чело на Хонг Конг

Новиот гувернер на Хонг Конг, Лунг Чун Јинг денеска положи заклетва и неговиот мандат ќе трае пет години. Во Хонг Конг владее незадоволство од кинеската управа, а вчера таму и се протестираше.

Кинескиот претседател Ху Џинтао го постави милионерот Лунг Чун Јинг на фунцијата нов претседател на владата на Хонг Конг. Тој ќе биде трет гувернер на Хонг Конг, откако Кина пред 15 години ја презема оваа поранешнна британска колонија.

Лунг (57) стана гувернер и покрај тоа што неговата популарност забележа пад, а против неговата инагурација се одржаа протести.

Ако заедно работиме сигурен сум дека Хонг Конг, бисерот на Ориентот, повторно ќе блесне, изјави Лунг на инагурацијата, пред да се ракува со кинескиот претседател Ху Џинтао.

Лунг, пошироката јавност го смета за близок до Пекинг, а неговите критичари оценуваат оти неговата Влада ќе ја продолжи вообичаената политика и ќе ја фаворизира малата елита тајкуни.

Hong Kong Leung Chun-ying Vereidigung

Новиот гувернер на Хонг Конг, Лунг Чун Јин со сопругата

Хонг Конг од 1898 до 1997 година беше британска колонија, а денес е под управа на Кина, како посебен административен регион.

Ху Џинтао на денешната церемонија истакна дека политиката на централната влада во Пекинг под мотото „Една земја, два системи“ останува неприкосновена.

Во Хонг Конг меѓутоа владее незадоволство од кинеската управа. Во саботата полицијата се судри со демонстрантите, кои излегоа на улиците за да протестираат против мистериозната смрт на дисидентот Ли Вангјанг.