1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ху Џингтао најави политички реформи, но енопартискиот систем останува.

*


Кинескиот претседател и прв човек на комунистичката партија во земјата Ху Џингтао на отворањето на седумнасетиот партиски конгрес најави политички реформи, но нагласи дека нема промена на еднопартискиот систем во земјата. Претседателот вети поголема активност во заштитата на климата која страда од јакнењето на економскиот раст во земјата. Го повика и Тајван да му стават крај на долгогодишното непријателство. На партискиот конгрес кој се одржува на секои пет години од 2200 делегати ќе се бира и новиот централен комитет.