1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хусеин не го признава ирачкиот суд

Поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин во средата за првпат застана на подестот за сведоци.

Садам Хусеин на процесот во Багдад

Садам Хусеин на процесот во Багдад

Садам Хусеин свиреше на вобичаената клавијатура. Речиси половина час зборуваше за сјајното минато, со погрдни зборови се изразуваше кон американските окупатори и на судот му го оспори правото да му суди. Имено тој бил избран претседател на земјата.

„Оттаму мојата присутнот пред она што се нарекува суд, ги разоткри окупаторите. Тие ги имаат нивните лоши планови за Ирак, и велам за големиот ирачки народ, целото човештво и на сите кои веруваат во принципите на праведност и фер игра.“ рече Садам Хусеин

Судијата на почетокот се чинеше дека се досадува, за малку подоцна жестоко да го опоменува поранешниот диктатор, кој според судијата Рауд Рашид Абдул Раман, во судницата не треба да држи политички говори, туку да заземе став по однос на тужбата.

Но тоа не користеше, по што сесијата беше затворена за јавноста, новинарите мораа да ја напуштата седницата, а беше прекинат и телевизискиот пренос кој се емитува со неколку минути задоцнување. Имено судот не сакаше да овозможи да биде политичка бина на Хусеин.

Ситуацијата со доказите е прилично јасна, особено по признанието на Хусеин на судската сесија на 1 март, за смртните пресуди на 148 Шиити од Дуџали. Но одбрана не ги оспорува фактите туку повеќе правната основа за пресудата.

Ирачкиот суд пресудата ќе ја донесе не само врз основа на старото ирачко право, туку ќе бидат земени и елемени од граѓанското право.