1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хунтата во Мианмар е на потег

Странските хуманитарни работници се упатуваат кон делтата на Иравади да се уверат дали воените власти во Мианмар ќе го одржат ветувањето дека ќе им овозможат слобода на движење во регионот опустошен од циклонот Наргис

default

На Донаторската конференција во Банкок доделени десетици милиони долари помош за Мианмар

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја заврши својата мисија- Мианмар и се враќа во Њујорк , откако претходно престојуваше во Банкок каде што се одржа Донаторска конференција за настраданите од циклонот Наргис.


Пресвртен момент за Мианмар


Тој пред заминувањето пред новинарите изрази надеж дека воената хунта во Мианмар ќе го исполни ветувањето што му го даде , оти ќе им дозволи на странските хуманитарни работници пристап до настраданите подрачја:


„Јас сум претпазлив оптимист дека ова би можело да биде пресвртен момент за Мианмар да биде пофлексибилен , попрактичен и да се соочи со реалноста на теренот“ - рече Бан Ки Мун.


Тој присуствуваше на Донаторската конференција на која беа ветени десетици милиони долари помош , но западните сили истакнаа дека сретствата ќе бидат упатувани исклучиво во делтата на Иравади каде што во циклонот животот го загубија 134 илјади луѓе а уште 2,4 милиони се борат за преживување.


Конечно германска помош пристигнува до настраданите


Учесниците на конференцијата меѓу нив , министри , државни секретари и претставници на околу 50 држави меѓутоа истакнаа дека помошта не смее да биде условувана со политички отстапки од властите во Мианмар. Премиерот на оваа земја Теин Сеин на отворањето на конференцијата истакна дека нема да бидат прифатливи никакви политички услови.

Државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер , кој ја претставуваше Германија на донаторската конференција изјави дека и без конкретни политички барања се успеало да се обезбеди определено отворање на Мианмар кон надворешниот свет. Тој изрази задоволство дека германската помош конечно може да ја почуствуваат жителите во настраданите подрачја:


„ Сега веќе имаме две пречистителни станици за вода во градот Богалај , значи среде делтата на Иравади, кои се во состојба на произведат 120 илјади литри чиста вода за пиење. Тоа значи една станица може да ги задоволи потребите на 10 илјади луѓе. Тоа значи дека по три недели од циклонот, германската помош пристигнува кај луѓето на кои им е потребна. . Сметам дека тоа е можеби уште поважно од поединостите од оваа конференција.


1,5 милиони лица и натаму без покрив над главата


Инаку меѓународниот црвен крст денеска во Јангун соопшти дека уште најмалку еден и пол милиони луѓе и натаму се без покрив над главата во делтата на Иравади.

„ Трката со времето продолжува а логистичките предизвици се зголемуваат поради поројниот дожд во регионот. Помошта што треба да пристигне во погодените региони , не доаѓа таму доволно брзо , а онаа што ќе пристигне не е доволна“ - порачаа во Црвениот крст. „