1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хуморот ни треба за да преживееме!

Внимание, денеска е први април!!! Не се’ што ќе чуете од најблиските, од колегите на работа или пријателите, мора да е вистина.

default

Априлилили...

Кој, кого и зошто за првпат во историјата го прелажал на први април - околу тоа нема согласност меѓу експертите. Некои корените на обичајот ги бараат дури до стариот Рим, каде на 1 април на големо се славело во име на Божицата на љубовта, Венера. На тој ден имало многу шеги, веселби - па и оргии.

Други експерти сметаат дека таткото на првоаприлските шеги е францускиот крал Шарл Деветти. И тоа без свесна намера! Тој имено во 1564 година го префрлил славењето на Нова година од 1 април на 1 јануари во екот на реформата на Грегоријанскиот календар. Но, таа информација не стигнала навреме до голем број негови поданици, така што оние другите, добро информираните, можеле да бијат шега со првите.

Illustration zum ' ersten April '

„Може да сметаме дека во екот на реформата и промената на календарот се случил голем хаос со датумите и дека на почеток имало голем број ненамерни превиди, но подоцна тоа се претворило во обичај и луѓето продолжиле намерно да се шегуваат“, вели експертот Гунтер Хиршфелдер.

Лажни задачи

Во почетоците на овој обичај се‘ изгледало многу поинаку од денес. Тогаш имено многу повеќе првоаприлски итрини се однесувале на телесната компонента. Така на пример било омилено некој да се испрати да оди со часови некаде за да донесе некоја пратка, но таму никој не знаел ништо за нарачката. „Тоа денес не би било прифатливо, за такво нешто секој би пожнеал многу лутина. На пример никој нема да трпи да треба да замине од Бон за Штутгарт, за да заврши некоја работа, а притоа сето било првоаприлска шега...“, појаснува Хиршфелдер.

Намалување на интересот

Во модерното секојдневие ионака се чини дека првоаприлските шеги не се повеќе во мода. Ретко кој уште има време да смислува такви шеги во времето кога сите стојат под зголемен притисок на работното место и имаат се’ помалку време да земат здив.

Ufo mit vier Außerirdischen

Некои шеги се скапи и добро смислени: лажен НЛО во парк во Германија

Освен тоа, класичната првоаприлска шега бара непосреден контакт, што исто така останува кусо во компјутерската ера. Денес затоа медиумите се обидуваат да ја одгледуваат традицијата со лажни и нелогични информации што барем на прв поглед звучат веродостојно.

Експертот Гунтер Хиршфелдер сепак не се грижи за иднината на првоаприлските шеги: „Од гледна точка на културолошката наука нам ни е потребна проаприлската шега, бидејќи таа создава противтежа на бројните негативни вести што пристигаат до нас. Затоа во секое општество се чини неопходна одредена доза на хумор за да можеме воопшто да преживееме како култура.“

Автор: Ралф Геде/Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска