1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хумелс ја спаси Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во осминафиналниот натпревар од Лигата на шампиони, вчеравечер (13.02) одиграа нерешено против Шахтјор во Доњецк - 2:2. Реми и на натпреварот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед - 1:1.

Матс Хумелс со видно олеснување и насмевка која не ја симна од лицето, по натпреварот во Доњецк трпеливо одговараше на новинарските прашања. „Ми падна камен од срце“, го коментираше тој својот израмнувачки гол, со кој Борусија извлече нерешено против Шахтјор, кој два пат беше во водство. Благодарение на Хумелс, Борусија може да се надева на влез во четвртфиналето на Лигата на шампиони по цели 15 години.

Инаку, поради авионската несреќа во украинската метропола, фудбалот вчеравечер беше речиси споредна работа. Со минута молчење пред натпреварот, играчите и навивачите им оддадоа почест на жртвите од авионската несреќа што попладнето се случи во Доњецк. Поради густата магла, авион кој слетувал на аеродромот излетал од пистата. Загинаа пет лица. Дел од 45-те патници во авионот, според досега познатите информации, сакале да присуствуваат на фудбалскиот натпревар.

На вториот осминафинален натпревар, во таканареченото супер дерби, фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се разделија со резултат од 1:1.

Наредната недела се играат останатите натпревари од осминафиналето, а ревашните се на почетокот на март.