1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хуманитарните организации објавија список со 39 исчезнати во војната против теророт

*

Шест хуманитарни организации меѓу кои Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч ја повикаа американската влада да даде објаснување за судбината на 39 лица за кои се верува дека биле тајно затворени и потоа исчезнати. Хуманитарците, во денеска објавениот извештај, ги повикуваат САД да стават крај на тајните затвори во име на војната против теророт и да му овозможат на меѓународниот Црвен Крст да стапи во контакт со затворениците. Хуманитарните организации во извештајот наведуваат дека поседуваат силни докази, вклучувајќи и изјави на сведоци за наведените случаи на апсење.