1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хуманитарна криза

„Амнести Интернешнал„ најави испраќање на тим во Либан кој треба да спроведе истрага околу евентуални повреди на човековите права. Организацијата смета дека и двете страни во судирот Израел и Хезболах се виновни за насилството и повика на забрана за употреба на распрскувачки бомби.

Повредени во една од болниците во Либан

Повредени во една од болниците во Либан

Во Либан пристигнуваат тони хуманитарна помош, но состојбата и натаму е загрижувачка бидејќи повеќе села и квартови се соочени со недостиг од храна и вода. Најтешко е во јужниот дел на земјата. Синоќа во Бејрут протестираа лекарите, кои бараат итно да им се помогне на нивните колеги и населението:

„Таму сме соочени со хуманитарна криза бидејќи најголем дел од куќите беа бомбардирани, лекарите исто така и затоа дојдовме тука за да кажеме дека цивилите, лекарите и медицинскиот персонал треба да се надвор од оваа војна бидејќи не можат да пружат помош доколку се цел. Само вчера имавме шест припадници на црвениот крст кои беа нападнати при транспорт на повредени. Исто така многу болници се соочени со недоостиг од медицински материјал„

Министерот за економија на Либан, Сами Хадад, изјави дека на земјата не и треба безбедносен коридор, туку прекин на борбите:

„Потребен ни е итен прекин на огнот бидејќи нашиот народ пати а економијата е во урнатини. САД велат дека сакаат да му помогнат на Либан и неговата влада. Но тие не помагаат со тоа што им дозволуваат на Израел да ја уништат нашата земја, бидејќи тоа точно и го прават„