1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хуманитарна драма во Киргистан

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на донации од околу 60 милиони евра, со што треба да им се помогне на околу милион луѓе погодени од етничките судири во Киргистан. САД бараат меѓународна истрага на судирите.

default

И покрај итно потребната помош за луѓето во Киргистан, ОН одвај можат да работат на југот на оваа земја. Канцеларијата на светската организација во градот Ош засега мора да остане затворена, изјави специјалниот пратеник на ОН во тој регион, Мирослав Јенча. „Без вооружена заштита не смееме да излеземе на улица, тоа би било неодговорно“, изјави словачкиот дипломат. Тој додаде дека на секој агол има барикади и вооружени лица.

Unruhen in Kirgisistan

Барикади има на сите страни

Јенча наведува дека соработниците на ОН засега работат на аеродромот. Тој не може да каже прецизно колку бегалци има поради тоа што луѓето до светската органзиација не можат да се движат слободно, а освен тоа и стуацијата се менува постојано.

За да се увери во состојбата на лице место, вчера во Ош беше претседателот на преодната влада во земјата, Роза Отунбајева. Стотици очајни луѓе со фотографии во рацете ги бараат своите блиски кои се загинати, или исчезнати. Имаше и драматични сцени:

„Вчера го киднапираа мојот мал брат. Друг доби удар по глава. Сега полека доаѓа на себе, може да раскаже што се случило. Вратете ми го братот, ве молам!“

Провокаторите се виновни

Отунбајева ги повика луѓето на југот на земјата да го положат оружјето и да не им подлегнуваат на провокациите. Стравот од нови провокации, од ново распламтување на насилството, е голем. Узбеците се плашат од нови погроми, Киргизијците од одмазднички акции. Најстарите се обидуваат да ја надминат недовербата меѓу етничките групи. За Абедин Шакиров, кој и самиот е бегалец, е јасно:

Rosa Otunbayeva Präsidentin Kirgistan Kirgisien Kirgisistan Kyrgyzstan

Роза Отунбајева

„Киргизијците беа наши пријатели, но меѓу нас се вмешаа провокатори. Народот не е виновен, во секоја нација има предваници. Ние, и покрај тоа, треба да останеме пријатели.“

Преодната влада, според сопствени наводи, уапсила десетици провокатори. Таа го обвинува кланот на соборениот претседател Курманбек Бакијев дека стои зад судирите. Во меѓувреме, САД побараа меѓународна истрага на тешките етнички безредија во Киргистан. Киргистанската преодна влада мора да направи се‘ за да го запре насилството, изјави американскиот дипломат задолжен за регионот, Роберт Блејк.

Автор: ЕМФ/ТТ/К.Нагел/дв/ртр

Редактор: Трајче Тосев