1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хулахупот значи забава и спорт

Вртењето хулахуп е забавно. Но танцот со тркала е и спорт. Во Росток група жени тренира со хулахупи од сопствено производство.

Танц со тркала. Керстин Пфлечер се занимава со историски спорт. Уште старите Грци тренирале со тркала, така што ги тркалале.

„Движењето се одвивало така што луѓето оделе или трчале паралелно со тркалата кои ги тркалале. Во 1958 година е одржана голема трка. Корпорацијата Wham-O ги измисли и произведуваше овие мали пластични тркала и мислам дека продаде повеќе милијарди парчиња. Тоа во Рокабили-периодот беше вистинска забава“, раскажува Керстин Пфлечер, која е тренер на група жени во Росток.

Videostill Hula-Hoop-Fans Autor Gabriele Struck

Керстин Пфлечер (д.)

За вртење хулахуп е соодветна не само Рокабили-музиката. Хула е хавајски збор за танцување, а хуп е англиски збор за тркалата на бурињата. Во Росток групата секоја недела се среќава на „хупинг“. Секоја од нив има специјални трикови, како „мултипл хупингот“, „мексикан рил“, „кикстарт“ или „манки“.

Штефани Ханке со хулахуп танцува година и половина и вели: „Генијално, се‘ е опуштено и претставува чиста радост. Танцување со тркало е извонредна работа.“

Керстин Пфлечер самата го произведува најголемиот дел од хулахупите. За таа цел инженерката користи индустриски цевки. За да не изгледаат здодевно, таа ги украсува.

„Прво, многу се поубави кога светкаат, однсоно кога се ’облечени’, а второ тоа за мене е одлична медитативна работа“, вели таа.

Videostill Hula-Hoop-Fans Autor Gabriele Struck

Секој хулахуп е уникат. Керстин Пфлечер прво ги подарувала на пријатели, а потоа ги нудела во спортски студија.

„Но имаше се‘ повеќе побарувачка од воркшопови и тренинг и морав со тоа да почнам да се занимавам и на спортски начин и брзо станав фан на сето ова. Денес веќе не можам да си претставам да не го правам ова.“

Особено ефектни се хулахупите со светлечки диоди. Но тие не се од сопствено производство, туку се купени.