1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Христијаните на Блискиот Исток стравуваат за својот опстанок

Ситуацијата во земјите од Арапската пролет принуди многу христијани да се чувствуваат загрозени и да ја напуштат својата татковина. Собрание на ориентални христијани се обидува да направи нешто против ваквиот развој.

Политичката нестабилност и насилството на Блискиот Исток натераа многу христијани да побегнат од своите земји во последните три години. Хабиб Бадр, водечкиот свештеник на националната Евангелистичка црква во Бејрут, е загрижен за опстанокот на христијанската заедница во регионот.

„Арапската пролет доведе до тоа исламистичките сили на сите луѓе да им го наметнуваат својот ред, без оглед дали станува збор за муслимани, христијани или некои други. Ако не слушаат без противење, тогаш се наоѓаат под притисок или се убивани. Бидејќи ние христијаните сме мала група на Блискиот Исток, ние сме под силен притисок. Денес ние сме принудени да ги напуштаме своите земји“, вели Хабиб Бадр.

Versammlung orientalischer Christen - Habib Badr

Хабиб Бадр се надева дека муслиманите ќе преземат нешто против радикализацијата во своите редови

Се проценува дека христијаните сочинуваат околу десет проценти од вкупното население на Блискиот Исток. Најбројни се коптите во Египет, а зад нив се наоѓаат христијаните во Сирија. Свештеникот Хабиб Бадр со посебна загриженост гледа на ситуацијата во која се наоѓаат христијаните во Сирија. Тој вели дека христијаните се под будно око на џихадистите, како и дека речиси сите цркви во градот Хомс се уништени. Одредени бројки зборуваат дека околу 800.000 христијани во последните три години ја имаат напуштено Сирија. А, тоа е околу четвртина од сите христијани кои живеат во таа земја.

Страв од ирачко сценарио

Стравот е огромен дека во Сирија може да се повтори ирачкото сценарио. Имено, од соборувањето на Садам Хусеин во 2003 година илјадници христијани се или убиени или протерани. Десетици цркви се уништени. Денес во Ирак живеат само околу 250.000 христијани, што е петтина од вкупниот број на населението, вели Хабиб Бадр. Посебно коптите во Египет се изложени на дискриминација и прогон. Амнести интернешнал на почетокот од октомври го осуди насилството кое се врши над христијаните кои живеат во таа земја. Амнести наведува дека во средината на август оваа година радикалните исламисти нападнаа 43 цркви и 200 станови, кои се во сопственост на христијани.

Сето тоа ги натера претставниците на црквите на Блискиот исток да делуваат. Во 2012 година тие основаа „Собрание на христијаните од Ориентот“. За да привлечат внимание на себе тие во октомври годинава одржаа прва конференција во близина на либанскиот главен град Бејрут. Високи црковни претставници, либански политичари и заинтересиран аудиториум информираа за ситуацијата во која се наоѓаат христијаните во нивните земји. Фуад Абу Надер, активист од мароканската црква во Либан вели дека во однос на ситуацијата на Блискиот Исток „христијаните мораат да зборуваат во еден глас“.

Versammlung orientalischer Christen - Abschlusssitzung

„Собраниетo на христијаните од Ориентот“ одржа прва конференција на 26 и 27.10.2013 година во близина на Бејрут

На крајот на седумдесетите години од минатиот век е основан т.н. Совет на цркви на Блискиот Исток, кој беше глас на христијаните во арапскиот свет. Но, поради внатрешни проблеми тој со години не е во состојба да делува. Така што „Собранието на христијаните од Ориентот“ сега треба да го земе тоа место. Хабиб Бадр се надева и на муслиманските партнери.

„Ние мораме да ги придобиеме и умерените муслимани нешто да преземат против радикализацијата во своите редови, бидејќи на крајот на краиштата и тие самите се жртви од ваквиот развој на ситуацијата“, заклучува евангелистичкиот свештеник од Либан.