1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Христијаните во светот го одбележаа Велипеток

Христијаните во целиот свет го одбележаа Велипеток, и потсетија на страдањето на Исус Христот на крстот. Во Рим Папата Бенедикт 16 , во своето кусо обраќање ги повика сите верници, да бидат почувствиделни за страдањата на другиот. Во Ерусалим, илјадници Христијани го минаа патот по должината на Виа Долороса до црквата каде се верува дека наоѓа гробот на Исус. Бидејќи оваа година Велигденските празници во исто време ги слави римо – католичката и православната источна црква, бројот на верниците во Ерусалим беше поголем отколку вообичаено. Христијаните од пет различни конфесии вечерва ќе го прослават воскреснувањето на Исус Христос.