1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Христијаните во Египет - прогонувани и заборавени

Анти-христијанското насилство е во пораст во Египет. Како пример: Само во август годинава 45 цркви беа изгорени до темел. Ќе направат ли нешто египетските сили за безбедност за да сопре ова?

Јагленосани клупи, книги прекриени со пепел, изгорена шасија од автобус. Католичкото училиште во северниот египетски град Бени Суеф изгеда како да е погодено од бомба. Тоалетите и лавабоата се скршени на парчиња. Од таванот висат изгорени тави.

Облечена во бело, калуѓерката Нагаат, седи покрај остатоците од олтар во соба со зацрнети ѕидови. Христијански миси веќе не можат да се одржуваат тука. Напаѓачите однеле икони, столици, кабли. Тие го изгореле крстот на покривот од црквата, и таму поставиле знаме на Ал Каеда. „Исламистите дивееја осум часа“, вели Нагаат.

Сѐ позачестени напади

Речиси еден месец по најинтензивните религиозни судири во Египет, по револуцијата на 25. јануари 2011 година, христијанската заедница е сѐ уште во шок. Најмалку 45 цркви и други христијански објекти беа запалени на 14. август. Најголемите насилства се случуваа во северен Египет, каде и се наоѓа поголемиот број на христијани. Нападите се сметаа како одмазда за масакрот на исламистите од страна на армијата во Каиро, за кое Муслиманското братство ги обвини христијаните дека ја подржале армијата.

Christen in Ägypten

Изгубени сеќавања, христијанско семејство од Диабија жали по својот дом

Египетските христијани со декади се гледаат себеси како жртви на дискриминација - професионално и во секојдневниот живот. Но, во последниве неколку месеци бројот на напади врз нив забележително се зголеми. Нагаат за тоа ја обвинува владата на паднатиот претседател Мурси.

„Претседателот Мубарак, преповедачите на омраза ги затвораше, под Мурси пак, им беше дозволено да проповедаат по џамиите колку сакаат“, вели таа за Дојче веле. Таа додава и дека имамите повикуваат на бојкот на коптските продавници во Бени Суеф.

Полицијата немоќна

Иако безбедносните сили имаат уапсено повеќе од 2,000 приврзаници на Мурси од 14. август наваму, за христијаните ситуацијата не е нималку променета. Во Далга, мало гратче во северната египетска провинција Ел Минџа, исламистите воспоставија шеријатски закони, а пак четириесетте христијански фамилии мораа да побегнат затоа што пиромани им ги запалија домовите. Во меѓувреме христијаните кои останале во Далга мораат да им плаќаат на исламистите за заштита.

„Во Бени Суеф, речиси секоја вечер членовите на Муслиманското братство маршираат по улиците, и се закануваат со нови напади. Полицијата пак, иако беше побарано од неа сѐ уште нема поставено чувари пред христијанската болницата Св. Тереза“, вели Амир Сами кој е доктор во болницата.

Но за Дојче веле, тој вели дека воопшто не е лут, полицијата не може ни себеси да се заштити. Минатата недела кога го запалиле училиштето исламистите ја запалиле и централната полициска станица.

Сами, веќе мораше да санира прострелни рани на многу полицајци. За еден од нив, помошта пристигна предоцна, тој имаше само дваесет и две години и беше пријател на докторот.

Стара омраза

Многумина од коптските христијани полагаат надеж во армијата, иако пред само две години армијата убиваше христијански демонстранти во Каиро. Минатиот месец, министерот за одбрана Сиси вети дека армијата ќе плати за обновата на црквите, но досега нема ништо на повидок од тоа.

Christen in Ägypten

На свој ризик, Амир Сами им помага на ранетите полицајци во својата христијанска црква

„Никој од владата ја нема ниту видено штетата“, вели Сариф Насер, бербер од мало христијанско гратче во близина на Бени Суеф. Локалната црква таму е сега само пепел, а локалниот свештеник побегнал.

„Омразата кон христијаните е стара, но откако Морси дојде на власт тие почнаа да дејствуваат“, изјави тој за Дојче веле. Насер можеше да ги идентификува повеќето од напаѓачите како припадници на Муслиманското братство, а другите вели тој, се платени соучесници. Полицијата уапси неколкумина од нив, но тие побегнаа наредниот ден кога полициската станица беше запалена.

Бавен прогрес

Во Бени Сеуф, процесирањето на злосторствата е прикриено. Католичкото училиште на полицијата и прати диск со слики и видеа од нападите кои соседите ги направиле. Десетина од напаѓачите можат да бидат видени како се смеат на камерите. Локалните христијани велат дека малкумина се уапсени и покрај доказите. Нагаат исто така е разочарана од помошта која локалната заедница ја пружа. За неа, тоа е најнеразбирливиот дел, затоа што две третини од нејзините 600 ученици се муслимани.

Некои од соседите муслимани изразиле сочуство за пожарот, но кога станува збор за помош да се реновира црквата никој не сака да помогне.