1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хрватските новинари навикнати на закани

Американскиот Фридом Хаус тврди дека хрватските медиуми се само делумно слободни додека Медиумската организација на ЈИЕ предупредува дека се недопустливи закани со смртт за новинарите во земја која наскоро влегува во ЕУ.

default

Загреб

Соопштенија во кои се предупредува на притисоци врз новинарите Хрватското новинарско здружение издава речиси речиси секојдневно. Здружението во декември предупреди на алармантна состојба особено кога станува збор за заканите упатени до осјечкиот новинар Драго Хедл.

Тој во разговор за Дојче веле раскажува дека во изминатите децении примил бројни закани од политичари од кои најмногу го вознемирила онаа од некогашниот осјечко-барањски жупан, Бранимир Главаш, денес осуден за воени злосторства: „Главаш тогаш ми порача преку еден пратеник во Саборот дека ќе ме претвори во прав и пепел“, вели Хедл додавајќи дека тоа било време ненаклонето кон слободата на медиумите, поради што заканата ја сфатил сериозно.

Тужбите за клевета - оружје против новинарите

Bosnien-Herzegowina Tagung in Sarajevo

Хрватскиот новинар Драго Хедл

Во својата публикација „ Бела книга“, собранието на истражувачките новинари преброи 70 случаи на напади врз новинари од 1990-та па се до минатата година.

Хедл предупредува дека во Хрватска новинарите сакаат честопати да ги замолкнат со закани преку најави за тужби за клевета кои доколку бидат навистина покренати, тужителите најчесто и ги добиваат . Хедл своевремено работел во сега згаснатиот „Ферал Трибјун“, весник кој едно време беше тужен од страна на поранешниот воен помошник министер за внатрешни работи и денес обвинет за воени злосторства Томислав Мерчеп. „ Го доби тој спор и не само тој туку и бројни други тужби против ’Ферал Трибјун’, така што на својата викендица стави спомен плоча на која напиша дека ја изградил благодарение на новинарите кои го клеветеле и за што добивал отштети“, раскажува Хедл.

Тој се присетува дека во 90-те години судовите не им биле наклонети на новинарите. Имало многу ситуации во кои тие објавувале целосно вистините и проверени информации , па сепак новинарите и редакциите биле казнувани за нанесена душевна болка, вели Хедл

Денес на притисок и закани од страна на политичарите се особено изложени новинарите во помалите средини. Хедл раскажува дека станува збор за многу груби напади во кои градоначалниците или началниците на општините си земаат за право да ја креираат уредувачката политика на тамошните медиуми.

Колкава е утехата

„Тоа можат да го прават бидејќи градовите и општините се дарежливи финансиери на локалните медиуми, главно на радиостаниците. Го знам тоа од примери на колеги кои велат дека во таква ситуација е многу тешко да се објави вест која говори критички за градоначалниците или началниците“, вели Хедл.

Zeitungsautomat am Hauptbahnhof Köln

Непосредно таквата ситуација за Дојче веле ја потврдуваат и сопствениците како и уредниците на локалните радио станици кои без кофинансирање од буџетот на локалните власти не би можеле да работат. Меѓутоа тие не сакаат да бидат именувани. За ваквата ситуација ги обвинуваат маркетинг агенциите кои занемарлив дел од вкупните сретства ги трошат на кампањи во локалните медиуми, со што директно влијаат на нивната независност.

Во изминатите години само странските организации како Репортери без граници и Амнести Интернешнл или невладините огранизации како Хрватскиот хелсиншки комитет правеа нешто по ова прашање. Во споредба со деведесетите години, Хедл смета дека на новинарите во Хрватска денес им е само малку полесно бидејќи заканите и нападите предизвикуваат барем вербални осуди. „ Прашање е колкава може да биде утехата , бидејќи задоволството би било далеку поголемо доколку се казнат напаѓачите и нарачитрелите на нападите врз новинарите“, заклучува Хедл.

Автор: Синиша Богданиќ/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска